Свет
Нови теории на заговор по продажбата на личните предмети на првиот астронаут што стапна на Месечината
Личните предмети на астронаутот Нил Армстронг, првиот човек што стапна на Месечината, неодамна беа продадени на аукција за повеќе од 7,4 милиони долари.
Аукциската куќа „Херитиџ“ во Далас соопшти дека по највисока цена, од 468.000 долари, беше продадена идентификациската значка на Армстронг со лунарен модул „Аполо 11“.
Дел од елисата и дел од крилата на авионот на браќата Рајт, првиот авион потежок од воздухот, беа продадени за помалку од 275.000 долари, пренесува АП.
Првиот летачки костим на Армстронг што го носел во 1966 година беше продаден за 109.375 долари.
Покрај тоа, на специјална аукција за 46.250 долари беше продаден златниот авијатичарски шлем на Џон Глен, првиот Американец што ја прелета Земјата.

Сепак, по овој настан, повторно се појавија теории на заговор. Имено, поединци почнаа повторно да тврдат дека Американците никогаш не биле на Месечината и дека Нил Армстронг не бил првиот човек што слетал на овој сателит на Земјата.
Како објаснување за нивните тврдења наведуваат дека отпечатокот на неговите стапала на Месечината не одговара на чизмите што тогаш ги носел.
Фотографијата направена од познатиот астронаут Фил Плаит го прикажува познатиот костим на Армстронг, кој го носеше при слетувањето на Месечината.
Кога ја споредија фотографијата од неговите чизми со фотографијата од отпечатокот што остана на површината на Месечината, теоретичарите на заговор почнаа повторно да шират голем број теории.
Нил Армстронг е познат американски пилот и астронаут. Тој беше првиот човек што стапна на Месечината. Почина во 2012 година, 20 дена по својот роденден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

