Свет
Ново обраќање на Зеленски: Руската војска претрпе најголеми загуби во последните децении
Украинскиот претседател Володимир Зеленски штотуку објави ново видео обраќање до нацијата на социјалните мрежи.
Зеленски вели дека руската армија претрпе најголеми загуби во последните неколку децении – тврдејќи дека 31 руски баталјон одред сега е неспособен за борба.
Тој бара итно ослободување на градоначалникот на Мелитопол, кој наводно бил киднапиран од руските сили, велејќи дека разговарал за ова прашање со француските и германските лидери.
– Ова е граѓанска војна. Ова е војна за нашата независност – рече Зеленски.
Зеленски вели и дека Украина соработува со Европската комисија за забрзување на нејзиното членство во ЕУ.
Тие се слушнале во главниот град Киев, Лавов на запад на Украина, Одеса на југ, Харков, како и во регионот Суми на североисток од земјата и Днепар на југоисток, пренесува Ројтерс.
Руските сили се прегрупираа во петокот, а сателитски снимки покажуваат дека артилериските сили се приближуваат до главниот град Киев.
Рано утринава новинарите на Си-Ен-Ен слушнале најмалку две експлозии во централниот украински град Днипро.
Потоа дојде веста за наводното гранатирање на онколошката болница во Миколајев на југот на Украина – што на Фејсбук го тврдеше шефот на регионалната здравствена управа на градот, Максим Безношенко.
Според украинското Министерство за надворешни работи, руските сили ја гранатирале џамијата во пристаништето Мариупол, каде се засолниле повеќе од 80 луѓе, меѓу кои и деца, но и турски државјани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

