Свет
Нов бран на омикрон – СЗО предупредува: Се шири кон Источна Европа
Нов бран на инфекции предизвикани од омикрон-сојот на коронавирусот се сели во Источна Европа, предупреди денеска Светската здравствена организација повикувајќи ги властите да ја подобрат и вакцинацијата и другите мерки.
„Во текот на изминатите две недели случаите на Ковид-19 се повеќе од двојно зголемени во Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Русија и во Украина“, рече регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, пренесе „Ројтерс“.
СЗО исто така ја нагласи континуираната потреба од мерки, како што се брзо тестирање и носење маски, истакнувајќи дека досега се пријавени повеќе од 165 милиони случаи на Ковид-19 во европскиот регион на СЗО и 25.000 смртни случаи во изминатата недела.
Клуге рече дека сегашната загрижувачка ситуација поради бранот на омикрон и на делта, а кој сè уште циркулира на исток, „не претставува момент за укинување на мерките за кои знаеме дека дејствуваат за намалување на ширењето на Ковид- 19“.
Тој исто така ги повика владите да ги истражат локалните причини за ниските стапки на вакцинација бидејќи рече дека помалку од 40 отсто од оние над 60 години во Босна и Херцеговина, Бугарија, Киргистан, Украина и Уво збекистан биле целосно вакцинирани против Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Претседателот на Колумбија: Ги раскинуваме дипломатските односи со Израел
Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави дека ќе ги прекине дипломатските односи со Израел поради војната во Газа.
Петро претходно силно го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и повика Колумбија да се приклучи на тужбата за геноцид на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата.
„Овде пред вас, владата на промени, претседателот на републиката, најавува дека утре ќе ги прекине дипломатските односи со државата Израел, затоа што има влада, затоа што има претседател геноциден“, рече Петро на собир по повод Меѓународниот ден на трудот.
Светот не може да биде слеп пред настаните во Газа, додаде тој.
Во шестмесечната воена операција на Тел Авив загинаа 34.488 Палестинци, а ранети се 77.643, според здравствените власти во Газа. Војната ги расели повеќето од 2,3 милиони жители на Појасот Газа и го уништи најголемиот дел од крајбрежната енклава.
Најавата на Петро за прекин на дипломатските односи со Израел доаѓа во екот на се почестите шпекулации дека Израел наскоро ќе го нападне градот Рафах во јужниот дел на Газа, каде што се засолниле повеќе од милион Палестинци раселени од своите домови.
Регион
Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција
Два земјотреси, во растојание од една минута – во 19.19 и 19.20 часот – вечерва се регистрирани на територијата на Албанија.
Земјотресите се со интензитет од 2,1 степен според Рихеровата скала.
Епицентарот на првиот земјотрес бил на седум километри од Елбасан, додека вториот на 62 километри од Тирана.
Според информациите на ЕМСЦ, неколку минути претходно, земјотрес од 2,5 степени имало и во јужниот дел од Грција, а уште два од 2 и 2,3 степени се регистрирани предмалку на Крит.
Претходно денес, Хрватска ја погоди силен земјотрес од 4,7 степени, а беше почувствуван и во Босна и Херцеговина. По овој потрес, следеа неколку помали.
Свет
Хамас: Одговор за предлогот за примирје и ослободување на заложниците веројатно утре
Водачите на Хамас вечерва рекоа дека го проучуваат предлогот за примирје и ослободување на заложниците што им го претставија египетските посредници и велат дека се надеваат оти ќе го испратат својот одговор до утре, се вели во соопштението на палестинската милитантна група испратена до „Асошиејтед прес“.
Тековната рунда разговори за примирје меѓу Израел и Хамас изгледаат сериозни, но страните се во несогласување за едно клучно прашање – дали војната треба да заврши како дел од договорот, објави „Тајмс оф Израел“.
„Многу веројатно утре, односно четврток, ако даде Господ, посредниците ќе добијат одговор“, соопшти Хамас.
Преговорите меѓу Хамас и Израел, преку посредници како САД, Катар и Египет, траат со недели, а по Париз се водат нови рунди разговори во Каиро.