Свет
Обама ја нападна администрацијата на Трамп и некои полициски оддели

Поранешниот американски претседател Барак Обама во својот говор на испраќањето на починатиот борец за човекови права Џон Луис остро ги критикуваше, како што рече, обидите на републиканците да ги угнетуваат гласачите.
„Луѓето на власт ги напаѓаат нашите гласачки права со хируршка прецизност“, рече Обама, повикувајќи на сеопфатна реформа, пренесува Би-би-си.
Како што рече тој, луѓето на власт прават најцрни работи за да ги обесхрабрат луѓето да гласаат, затворајќи ги избирачките места и наметнувајќи рестриктивни закони за малцинствата и студентите.
Во исто време, тој го осуди полициското убиство на Џорџ Флојд и употребата на федерални агенти против демонстрантите кои се собраа на протестите поради полициската бруталност кон Афроамериканците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
ЕУ ја потврди забраната за увоз на руски гас и нафта: „Нема да ѝ дозволиме на Русија да нè уценува“

Европската унија официјално ја потврди одлуката за постепено укинување на увозот на руски гас и нафта до 1 јануари 2028 година, со цел да стави крај на зависноста од Москва и финансирањето на нејзината војна.
Еврокомесарот за енергетика Дан Јоргенсен изјави во Европскиот парламент дека Европа никогаш повеќе нема да дозволи енергијата да се користи како оружје и дека унијата нема да биде предмет на уцена ниту ќе го финансира, како што велат, путинoвиот воен апарат.
Според договорот, нови договори за руски гас нема да може да се склучуваат по 1 јануари 2026, краткорочните треба да завршат до јуни 2026, а долгорочните до 2028 година.
Одлуката доби квалификувано мнозинство во Советот на ЕУ, иако против беа само Унгарија и Словачка, земји без излез на море.
Јоргенсен нагласи дека мерката е клучна за енергетската безбедност и конкурентноста на Европа, додавајќи дека ЕУ не треба да увезува „ниту капка руска нафта“ – дури ни по завршување на војната.
Свет
Трамп ѝ се закани на Шпанија поради ниските трошоци за одбрана

Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини Шпанија дека не е тимски играч и се закани со казни и можни царини, поради тоа што Мадрид издвојува само 1,3 oтсто од БДП за одбраната, најмалку меѓу земјите на НАТО.
Трамп бара сојузниците да трошат најмалку 5 отсто од БДП за националната безбедност и предложи дури и исклучување на Шпанија од Алијансата.
И покрај остриот тон, во НАТО и Мадрид не се вознемирени. Високи воени извори велат дека претњата не се сфаќа сериозно, пишува „Политико“.
Министерката за одбрана Маргарита Роблес одговори дека Шпанија е доверлив и одговорен сојузник, потсетувајќи дека земјата 40 години е дел од НАТО и дека многу шпански војници го дале животот во меѓународни мисии.
Свет
Саркози во затвор добивал смртни закани

Поранешниот француски претседател Никола Саркози добил закани со смрт од друг затвореник во парискиот затвор Ла Санте, каде што оваа недела почна да ја издржува петгодишната казна за завера за финансирање на изборната кампања во 2007 година со пари од Либија.
Париското обвинителство потврди дека е отворена истрага по видео што се појавило на социјалните мрежи, во кое затвореник упатува закани. При претресот биле запленети два мобилни телефони, а тројца затвореници се испрашани.
Поради безбедноста, Саркози е под постојана заштита на двајца вооружени полицајци, мерка што предизвика реакции од синдикатот на затворски чувари.
Саркози постојано ги негира обвиненијата и тврди дека случајот е политички мотивиран.