Контакт

Свет

Обвинети за силување оти без согласност на партнерките ги отстраниле кондомите за време на секс, мажите се судат во Холандија

Објавено пред

Двајца мажи од Ротердам денеска ќе се појават пред суд под обвинение дека отстраниле кондоми за време на секс без знаење или согласност на нивните сексуални партнери.

dobivaj vesti na viber

На мажите, на возраст од 26 и 28 години, им се суди за силување во два одвоени случаи, објави NL Times.

Чинот е познат во Холандија под англискиот сленг „stealthing“ за што во Македонија нема израз, а по дефиниција значи: „практиката на вадење на кондомот за време на сексуален однос без знаење и согласност на партнерот, често се смета за сексуален напад или силување“.

Според портпаролот на државното обвинителство и судот во Дордрехт, вакви кривични предмети досега немало.

Тие се обвинети за силување, бидејќи во холандскиот кривичен законик, вадењето кондом без согласност не е дефинирано како посебно кривично дело.

Ако некој го извади кондомот при сексуален однос, без согласност на партнерот, направил сексуален прекршок, велат експертите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

„Привремено предадете му дел од територијата на Путин“, предлага поранешниот лидер на НАТО алијансата

Објавено пред

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, предложи Украина „привремено“ да направи територијални отстапки кон Руската Федерација со цел што поскоро да се воспостави примирје. Своите ставови ги објасни во интервју за „Табела“, германска медиумска куќа.

dobivaj vesti na viber

Тој нагласи дека дипломатските преговори и компромисот можат да го отворат патот за договор кон прекин на огнот.

„Потребна ни е линија за прекин на огнот, и секако  ова треба да ги вклучи сите области кои моментално се под руска контрола. Но, гледаме дека тоа можеби нема да биде реално остварливо во блиска иднина. Ако линијата за прекин на огнот значи дека Русија продолжува да ги контролира сите окупирани територии, тоа не значи дека Украина мора засекогаш да се откаже од територијата“, рече Столтенберг.

Тој ја истакна важноста за обезбедување безбедносни гаранции за Киев во замена за какви било територијални размислувања како дел од договорот за прекин на огнот. Иако членството во НАТО е опција, поради што Украина денеска испрати своевиден „ултиматум“, тој наведува дека „има и други начини за поддршка на Украина“.

Прикажи повеќе...

Свет

Захарова: Дали Западот ќе воведе санкции кон Сеул?

Објавено пред

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска праша дали Западот ќе воведе санкции кон Јужна Кореја откако влезот во зградата на јужнокорејскиот парламент беше блокиран, а земјата прогласи воена состојба.

dobivaj vesti na viber

„Што одлучија Литванија, Латвија и Естонија за ова? Дали ќе се воведат санкции против Сеул? Или Јужна Кореја ќе има повеќе среќа од Грузија?“, изјави Захарова на каналот Телеграм.

Јужнокорејскиот претседател Џун Сук-Јол најави воведување воена состојба претходно денеска, „за искоренување на про-севернокорејските сили и заштита на слободата и уставниот поредок“, а активностите на парламентот, политичките партии и здруженијата во Јужна Кореја се суспендирани до нејзиното укинување.

Прикажи повеќе...

Свет

Поранешниот претседател на Јужна Кореја: Земјата е во криза

Објавено пред

Претходникот на Јун, Мун Џе-ин, од Демократската партија, во објава на мрежата Х рече дека демократијата во земјата е во криза.

dobivaj vesti na viber

„Се надевам дека Националното собрание ќе дејствува брзо за да ја заштити нашата демократија од распаѓање“, напиша тој во објавата.

„Ги замолувам граѓаните да ја заштитат и спасат демократијата со заеднички сили и да му помогнат на Народното собрание нормално да функционира“, додаде тој.

Претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук Јеол денеска прогласи воена состојба велејќи дека мерката е неопходна за да се заштити земјата од комунистичките сили.

„Со цел да се заштити либералната Јужна Кореја од заканите од комунистичките сили на Северна Кореја и да се елиминираат антидржавните елементи… прогласувам вонредна воена состојба“, рече Јун во телевизиско обраќање во живо до нацијата обвинувајќи ги опозициските сили за контролирање на парламентот, сочувство со севернокорејскиот режим и парализирање на владата со антидржавни активности“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ5 часа

Трагедија во Гевгелија: младо момче падна од зграда и загина

Дваесет и едногодишно момче (Б.Б.) од селото Орашац, кумановско, паднало од зграда, а подоцна и починало. Несреќата се случила додека младиот...

Македонија6 часа

Владата не гледа објективна причина за лидерска, СДСМ смета дека е неопходен дијалог поради меѓуетничките односи

Влада не ја гледа објективноста на барањето за лидерска средба. Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, одговарајќи на новинарско прашање за барањето...

Македонија7 часа

Еден од девет смртни случаи кај децата до една година е поврзан со загаденоста – ќе се протестира на 10 декември

Во вторник, 10 декември, во 16 часот, ќе биде одржан протест поради загадениот воздух. Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“, која...

Македонија7 часа

Наставници кои воопшто не го знаат знаковниот јазик им предаваат на учениците со оштетен слух во средното „Партенија Зографски“, утврди омбудсманот

Канцеларијата на народниот правобранител утврди дека во единственото државно средно училиште за ученици со оштетен слух во земјата, „Партенија Зографски“...

Македонија7 часа

Герасимовски: Проблематичниот ученик не смее да биде лишен од образование, но процедурите за преместување морало да се запазат

Општина Центар целосно ги поддржува учениците, родителите и раководството на ООУ „11 Октомври“ за соодветно и институционално решавање на случајот...

Македонија9 часа

Истекува рокот за возачките дозволи, граѓаните да ги обноват за да не се создаде метеж, апелира МВР

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, во согласност со промената...

Регион11 часа

Болтон: Нестабилен Балкан не е во ничиј интерес

Нестабилен Балкан не е во ничиј интерес и сега Балканот треба да има поголем приоритет отколку што беше случај за...

Македонија11 часа

(Фото) Спречено шверцување масло од црно семе, фиберскопи, делови за мобилни телефони и играчки со потпис на познати трговски марки

Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење, при што е запленета разна стока, меѓу коишто...

Македонија11 часа

Скопјанец осомничен за пожарoт во Адвокатската комора: со секира ја скршил влезната врата и потпалил керозин и плински боци

Основното јавно обвинителство Скопје донесе nаредба за спроведување истражна постапка против 41-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил...

Регион12 часа

(Видео) Драматични сцени во Грција по силното невреме: на неколку места прогласена вонредна состојба

Противпожарните служби, Јужноегејскиот регион и општина Родос остануваат во состојба на подготвеност за справување со проблемите предизвикани од невремето „Бора“....

Македонија13 часа

Владата веднаш да запре со спроведувањето на руската агенда за дестабилизација на земјата, велат од ДУИ

Демократската Унија за Интеграција изразува длабока загриженост за опасните политики на владата, кои не само што ја поткопуваат стабилноста на...

Европа14 часа

Во пресрет на заминувањето, Бајден испраќа големи количества муниција за ХИМАРС, беспилотни летала и мини во Украина

Соединетите Држави ќе и дадат на Украина пакет оружје од 725 милиони долари, објави вчера државниот секретар Ентони Блинкен, додека...

Свет14 часа

Виетнамска тајкунка мора да собере 9 милијарди долари за да не биде погубена

Виетнамска тајкунка за недвижности Труонг Мај Лан е во трка за својот живот. Денес, 68-годишната жена ќе ја слушне судската...

Свет14 часа

Талибанците имаат нова забрана за жените, го укинуваат медицинското образование за нив

Талибанците им наредија на сите приватни образовни институции во Авганистан од денеска да престанат да обезбедуваат медицинско образование на жените,...

Свет15 часа

Трамп оди во Париз на отворањето на реновираната катедрала „Нотр Дам“

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најави дека во сабота ќе присуствува на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз,...

Македонија1 ден

Муцунски во Брисел: Добрососедството не е еднострана обврска, туку процес што бара почит и заедничка одговорност

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, денеска имаше обраќање и сесија посветена на прашања и одговори со европратениците – членови...

Македонија1 ден

Јаневска: Политиката најмалку треба да ја има во училиштата, УЧК и нејзините симболи за оваа држава не значат ништо

Испраќањето инспекција во училиштето во тетовското село Челопек е законско а инспекторите да работат по закон, информира министерката за образование...

Македонија1 ден

ДУИ: Скандалот во Судскиот совет – огледало на заробената држава

Оставката на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, претставува уште еден драматичен момент кој ја одразува алармантната состојба на заробената...

Економија1 ден

Струјата нема да поскапи повеќе од еден процент, а дополнителна евтина тарифа засега нема, најави Бислимоски

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, денеска ги соопшти цените за пренос на електрична енергија и за дистрибуција на електрична енергија,...

Македонија1 ден

Никому нема да му дозволам да го валка мојот образ: Дамева, претседателката на Судскиот совет, си поднесе оставка

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, си поднесе неотповиклива оставка. На денешната прес-конференција таа изјави дека изминатиов период од страна...