Свет
Обилен дожд во Австралија – повторно наредена евакуација
Обилни дождови денеска ја погодија источна Австралија, а властите издадоа наредба за евакуација на илјадници жители поради поплавите, и тоа вторпат овој месец, и предупредија дека лошото време, најверојатно, ќе продолжи и следниот ден.
Приближно 280 мм дожд паднаа во последните 24 часа, а со зголемувањето на нивото на реките, на жителите на градот Лизмор во северниот дел на Нов Јужен Велс, кои беа најтешко погодени од рекордните поплави пред еден месец, им беше наредено да се евакуираат до ова попладне.
Метеоролошката служба предупреди на потенцијално опасни за живот поројни поплави по должината на северниот брег на Нов Јужен Велс, на површина од повеќе од 500 километри.
Во некои региони во следните шест часа може да има изолирани врнежи до 300 мм, соопшти метеоролошката служба.
Многу згради поплавени пред еден месец во некои од најтешко погодените региони се очекува повторно да бидат загрозени, изјави за новинарите министерката за вонредни ситуации на Нов Јужен Велс, Стефани Кук.
Речиси 3.300 припадници на армијата ќе останат во регионите погодени од поплавите за да помогнат во евакуацијата на населението, соопшти австралиското Министерство за одбрана.
Бројот на загинати во неодамнешните поплави се удвои бидејќи уште еден маж беше пронајден мртов во Квинсленд кога неговото возило се заглави во поројни води.
Неколку градови во северниот дел на Нов Јужен Велс и југоисточниот дел на Квинсленд сè уште се борат да исчистат тони отпад по разорните поплави претходно во март, при што загинаа најмалку 21 лице и стотици фарми, куќи и добиток беше однесен од поплавите, според „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најмалку десет луѓе загинаа во автобуска несреќа во Мексико
Најмалку 10 лица загинаа, а 20 се повредени во синоќешната автобуска несреќа што се случи во западната мексиканска држава Мичоакан.
Несреќата, чија причина сè уште е непозната, се случила на патот помеѓу главниот град на државата Морелија и селото Пацкуаро. Спасувачките операции и медицинската помош се на местото на несреќата.
Сообраќајните несреќи во Мексико изминатите години бележат пораст, а главни причини се пребрзото возење и лошото одржување на возилата. Во септември, цистерна што превезувала речиси 50.000 литри бензин експлодираше под надвозник на автопат во главниот град Мексико, при што загинаа десетици луѓе.
Регион
Еден загинат во поплавите во Албанија по обилните дождови
Најмалку едно лице загина во Албанија во поплавите предизвикани од обилните дождови што паѓаат во изминатите неколку дена, соопшти денес албанската полиција.
Полицијата објави дека тело на жена (76) е пронајдено откако нивото на водата се повлекло во поплавената југоисточна општина Девол.
Поплавите предизвикаа најголема штета во руралните региони на југот на Албанија, а во селото Душар 30 семејства беа отсечени, бидејќи патиштата беа непроодни поради поплавите.
Свет
Италијанскиот министер: Американскиот план за Украина содржи услови што никогаш не би можеле да бидат прифатени
Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето изјави дека американскиот мировен план од 28 точки за Украина е премногу оштар и дека содржи елементи кои никогаш не можат да бидат прифатени. Во објава на мрежата Икс тој наведе дека е важно тоа што и Русија и Украина разговараат за планот, но дека предлогот претставува тешка понуда за Киев.
Крозето додаде дека документот може да послужи како почетна точка за преговори и за обновување на дијалогот. Според него, целта е итно запирање на конфликтот.
Украинскиот претседател претходно предупреди дека се соочува со тежок избор, а европските лидери изразија загриженост дека предложените ограничувања би ја оставиле Украина ранлива на идни напади.

