Свет
Објавена потресна фотографија на татко и ќерка починати на границата меѓу САД и Мексико

Фотографијата на татко и ќерка од Салвадор, кои лежат мртви со лицето во водата на брегот на реката Рио Гранде, дел од границата меѓу САД и Мексико, сведочат за секојдневните страдања на имигрантите.
Ова е застрашувачки, жив доказ за опасноста со која многумина се соочуваат кога се обидуваат да влезат во САД и пример за човечки жртви како резултат на кризата на јужната граница на САД, објави Си-ен-ен.
Активистите за човекови права со месеци предупредуваат дека на границата ќе има сè повеќе смртни случаи бидејќи имигрантите се принудени да влезат во САД во опасни подрачја. Истото се случува и поради политиката на американската влада, што им отежнува на многумина од нив да добијат азил на легалните гранични премини.
Оскар Алберто Мартинез и неговата ќерка Енџи Валерија се удавија во Рио Гранде кога во неделата се обидоа да ја преминат границата.
Фотографијата на татко и девојче, за кое „Асошиетед прес“ тврди дека имало 2 години, ја сними новинарката Јулија де Лук, која живее во Мексико.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лондон ќе добие такси без возачи следната година

Американската компанија „Вејмо“ објави дека нејзините такси без возачи ќе бидат достапни на улиците на Лондон од следната година, што ќе го направи британскиот главен град првиот европски град со целосно автономна такси услуга, пишува Гардијан.
Според соопштението на компанијата, возилата првично ќе работат со обучени возачи за безбедност, додека целосно автономното возење се очекува да започне во 2026 година, по добивањето на потребните дозволи од надлежните британски власти.
„Вејмо“, дел од групацијата „Алфабет“, која е сопственик и на „Гугл“, моментално нуди автономни такси услуги во Сан Франциско и неколку други американски градови. Компанијата наведува дека ќе соработува тесно со британското Министерство за транспорт за да обезбеди услови за безбедно воведување на технологијата.
Британската министерка за транспорт Хајди Александар ги поздрави плановите на американската компанија, истакнувајќи дека „автономните возила ќе придонесат за нови работни места, инвестиции и поголема достапност на транспортот“.
Целосна имплементација на Законот за автономни возила во Велика Британија се очекува кон крајот на 2027 година, додека слични проекти за Лондон најавија и „Убер“ и локалната компанија „Вејв“.
Фото: принтскрин
Свет
Нетанјаху: Хамас ќе очекува пекол ако не го положи оружјето

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Хамас ќе се соочи со пекол доколку не се согласи да го положи оружјето.
„Се согласуваме да му дадеме шанса на мирот,“ рече Нетанјаху за „Си-би-ес њуз“.
На прашањето што би значело крај на војната во Газа, тој одговори: „Во предвидлива иднина, не само за Израел, туку и за слободниот и цивилизираниот свет, неопходно е да се задржи способноста за одбрана, бидејќи слободата не е трајна ниту автоматска.“
„Ако не можете да ги браните слободните општества, тие ќе бидат надвладеани од авторитарни или тоталитарни режими,“ додаде тој.
Нетанјаху зборуваше и за Трамп и за заштитата на еврејската држава, повторувајќи една од неговите мисли: „Начинот на кој се постигнува мир е преку сила.“
Откако Трамп во понеделник во Кнесет изјави дека Нетанјаху „не е најлесен за договор,“ израелскиот премиер возврати: „Многу сум цврст кога станува збор за иднината на мојата земја.“
„Кога верувам дека она што се бара од мене е исправно, велам ‘да’, а кога мислам дека треба да кажам ‘не’, тогаш велам ‘не’. Тоа е мојата работа — да ја заштитам еврејската држава и да ја обезбедам иднината на еврејскиот народ,“ изјави Нетанјаху.
Свет
САД бараат од НАТО повеќе пари за оружје за Украина

Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, ги повика сојузниците во НАТО да го зголемат финансирањето за купување американско оружје за Украина, по падот на воената помош во јули и август.
„Мир се постигнува кога сте силни, не со зборови, туку со способности што противниците ги почитуваат“, изјави Хегсет пред состанокот во Брисел.
Тој побара поголеми вложувања во програмата ПУРЛ, преку која се финансира набавката на оружје за Киев. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти дека веќе се обезбедени две милијарди долари, иако тоа е помалку од очекуваните 3,5 милијарди.
Шведска, Естонија и Финска најавија нови донации, додека Шпанија, Италија, Франција и Велика Британија се соочуваат со критики поради воздржаноста. Украина и понатаму во голема мера зависи од американското оружје додека се подготвува за уште една зима од војната со Русија.