Свет
Објавен модел од 6 точки со кој Кина го порази коронавирусот
Кинескиот дневен весник „Народен весник“ го опиша моделот со шест точки што Кина го применила за да се запре епидемијата на новиот коронавирус во најкус рок.
Лидерство
Кина формираше Централна управа за одговор на епидемијата како единствен државен механизам за контрола и превенција.
Од избувнувањето на епидемијата, претседателот Шји одржа 10 состаноци и лично изврши три инспекции. Тој издаде бројни упатства и наредби и испрати честитки и писма за да ја охрабри и поддржи борбата против вирусот.
Мобилизација
Истражувачите и експертите се испратени во Вухан, град во провинцијата Хубеи, најтешко погодена од епидемијата.
Градот беше ставен во карантин на 23 јануари 2020 година.
Изградени беа привремени болници така што за болните беа назначени 86-те постојни болници, а со изградбата на 16 монтажни болнички установи, достигнат беше вкупниот капацитет од 60.000 легла.
42.000 медицински професионалци пристигнаа од цела Кина во Хубеи. Се следеше бројот на пациенти.

Организација
Милијарди беа одобрени од буџетот за да му помогнат на Хубеи да се справи со епидемијата. Низ цела Кина беа поставени места за мерење на температурата на граѓаните, клиники за оние со симптоми и карантин за заболените.
Се откажаа големи собири, училиштата се затворија, конференциите и состаноците беа одложени.
Производството на медицинска опрема и потрошен материјал се зголеми. Производството на заштитна облека се зголеми на 500.000 парчиња дневно, производство на маски Н-95 на 1,6 милиони на ден, а хируршки маски на 100 милиони.
Ажурирани плановите за дијагностицирање и третман, забрзан развој на тестови, лекови и вакцини.
Закони
Се затворија сите пазари што продаваат диви животни, инсекти и влекачи, а фармите и резервите на кои се одгледуваа беа оградени.
Секое отстапување од регулативата е остро и брзо санкционирано.
Трговијата со животински свет е забранета.
Законите и регулативите се унапредени.

Солидарност
Соочен со епидемијата, кинескиот народ покажа солидарност.
Граѓаните донираа маски, храна и пари, доброволно, движењето го сведоа на минимум и носеа маски секој пат кога излегуваа.
Останаа дома и се посветија на хигиената и дезинфекцијата.
Тие доброволно се карантираа по патувањата.
Меѓународна соработка
Беа разменети податоци за превенција, дијагностицирање и третман на пациенти ширум светот. Кина донираше 20 милиони американски долари на Светската здравствена организација за тестови и медицинска опрема за други загрозени земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мерц: Русија сè уште не е подготвена за сериозни мировни преговори
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, изјави дека Русија сè уште не е подготвена за сериозни преговори за мир во Украина, иако западните сојузници се подготвени за дијалог кога ќе има смисла.
Говорејќи за време на Минхенската безбедносна конференција, Мерц го почна излагањето со критика на унгарскиот премиер Виктор Орбан, раскажувајќи за „еден премиер од ЕУ“ кој заминал во Москва без мандат и „не постигнал ништо“. Според него, една недела по таа посета, Украина претрпела некои од најжестоките напади врз цивилната инфраструктура.
„Ако разговорите имаат смисла, ние сме подготвени. Но, како што гледаме и од американска страна – Русија сè уште не е подготвена сериозно да разговара“, рече Мерц.
Тој додаде дека војната ќе заврши дури кога Русија ќе биде барем економски, а можеби и воено, исцрпена:
„Се приближуваме до тој момент, но сè уште не сме таму. Русија мора да се откаже од овој ужасен напад врз Украина, а ние мора да направиме сè што е потребно за да ги доведеме до точка кога повеќе нема да гледаат корист од продолжување на оваа војна“, истакна германскиот канцелар.
Регион
На Мерц му е непријатно оти е закочено членството на Западен Балкан во ЕУ
Германскиот канцелар Мерц во Минхен зборуваше за иднината на проширувањето на Европската унија, откако расправата беше поттикната од прашање на претседателот на Црна Гора.
Тој призна дека чувствува „сè поголема непријатност“ поради тоа што Европската унија не успева да постигне значаен напредок во пристапните процеси со земјите од Западен Балкан и соседството.
„Мораме да осмислиме нова стратегија за да ги доближиме овие земји до ЕУ. Не сакам да ве изгубам“, порача Мерц.
Како главна пречка го наведе принципот на едногласност, со посебен акцент на постојаното блокирање од страна на Унгарија, која ја опиша како „слон во просторијата“. Тој изрази надеж дека ова може да се надмине.
„По изборите што ќе се одржат во април, се надеваме дека ќе можеме да ги отвориме следните поглавја и да ви се приближиме уште повеќе кон Европската унија“, заклучи тој.
Свет
Орбан: На изборите се одлучува за војна или мир
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги претстави претстојните избори на 12 април како избор меѓу „војна и мир“, тврдејќи дека опозицијата ќе ја вовлече Унгарија во војната во Украина.
„За мир, Фидес е сигурен избор“, порача тој.
Владината кампања ги повикува граѓаните да ја потпишат националната петиција за одбивање финансиска помош за Украина, а низ државата се поставени постери кои го прикажуваат лидерот на опозицијата Петер Маѓар како поддржувач на ЕУ и Украина.
Иако партијата Тиса на Маѓар е водечка во анкетите, и таа е воздржана во однос на Украина, најавувајќи референдум за евентуалното пристапување на Киев во ЕУ.
Според анкети, 63 проценти од Унгарците се против европска помош за Украина, а 64 отсто се против членството на Украина во ЕУ.

