Свет
Одложувањето на Олимписките игри ќе ја чини Јапонија три милијарди долари
Едногодишното одложување на Олимписките игри во Токио се проценува дека ја чини Јапонија 300 милијарди јени (2,9 милијарди долари), вклучувајќи 100 милијарди јени за борба против новиот коронавирус, објавија локалните медиуми.
Локалниот организациски комитет на владите на Токио и Јапонија ќе одлучат како да го поделат тој финансиски товар.
Меѓународниот олимписки комитет соопшти дека ќе покрие дел од трошоците предизвикани од доцнењето, но сè уште не објави детали. Пред да одлучат во март да ги одложат игрите за една година, очекуваните трошоци за одржување на Олимписките игри во Токио се проценуваа на 1,35 милијарди јени (до 12 милијарди долари).
Организаторите, градската и централната влада в среда треба да објават извештај за преземените мерки за борба против Ковид-19, објави „Кјодо њуз“, повикувајќи се на неименувани извори. Трошоците за спроведување на овие мерки ќе вклучуваат здравствена инфраструктура како систем за тестирање и набавка на потребната опрема за да се спречи ширењето на вирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

