Свет
Речиси 500 луѓе останаа блокирани на аеродром во Јапонија по земјотресот
Речиси 500 луѓе се заглавени на паркинг на аеродромот „Ното“ во Јапонија кога зградата на терминалот претрпе големи оштетувања во вчерашниот силен земјотрес, во кој загинаа 30 луѓе.
.
Патниците чекаат во автобуси и други возила, а обезбедени им се храна и ќебиња, јавува јапонската јавна телевизија NHK.
Земјотресот предизвика неколку пукнатини на пистата долга и до 10 метри.
Официјални лица рекоа дека аеродромот ќе биде затворен најмалку до четврток бидејќи работниците за поправка не може да стигнат до аеродромот поради големата штета на патот.
Неколку силни земјотреси, од кои најразорниот беше со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала, во понеделникот ја погодија јапонската префектура Ишикава на брегот на Јапонското Море.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Големи пропалестински протести во Малме пред евровизиското финале, се бара исклучување на Израел од натпреварот
Денеска во центарот на Малме, Шведска се одржува масовен пропалестински протест поради учеството на Израел на овогодинешното натпреварување.
Голем број луѓе почнаа да се собираат на главниот плоштад во Малме од 16 часот.
Протестот почна на главниот плоштад во Малме, а насобраните од ова место се упатија кон арената Малме, каде што се одржува Евровизија.
Во четвртокот, кога претставничката на Израел настапи во втората полуфинална вечер, на улиците на Малме протестираа повеќе од 30.000 луѓе, според проценките на шведската полиција.
Барањата се исти – бојкот на Евровизија и исклучување на Израел од натпреварувањето.
Свет
Силен земјотрес го погоди Азербејџан
Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Азербејџан, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (ЕМСЦ).
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, додава ЕМСЦ.
Епицентарот на земјотресот се случил на 19 километри североисточно од градот Ланкаран, кој има околу 210.000 жители.
Засега нема информации за евентуална материјална штета.
Свет
(Видео) Маж по пет дена е спасен од урнатините на зграда во Јужна Африка
Маж е спасен од урнатините пет дена по уривањето на зграда во Јужна Африка, а премиерот на Западен Кејп, Алан Винд, го опиша настанот како чудо.
Во понеделникот се урна петкатна зграда во градот Џорџ, источно од Кејптаун.
Во официјалното соопштение се наведува дека таму во моментот имало 81 лице и дека досега е потврдена смртта на 13 лица, а 39 се’ уште се водат за исчезнати. Во објава на „Икс“ денес, Винд напиша дека преживеан маж е успешно извлечен од урнатините по 116 часа.
За да се обидат да стигнат до сите жртви кои останале заробени во урнатините, спасувачите користеле кранови, дупчалки и свои раце за да се обидат да ги спасат.
Спасувачките операции продолжуваат.