Свет
Олаф Шолц ја повикува Русија да преземе јасни чекори за деескалација на тензиите

Германија вчера ја повика Русија да ги деескалира тензиите со Украина и да се вклучи во дијалог за изнаоѓање дипломатско решение за кризата, јавува „Анадолија“.
„Она што сега го очекуваме од Русија се јасни чекори за деескалација и намалување на сегашните тензии во регионот. Во исто време, подготвени сме да се вклучиме во значаен дијалог со Русија за европските безбедносни прашања“, рече Олаф Шолц, германски канцелар, во Берлин на заедничката прес-конференција со лидерите на балтичките земји.
Тој нагласи дека западните држави се обединети и подготвени да воведат строги санкции против Русија, доколку Москва направи дополнителни упади во Украина.
„Сакаме многу јасно да ставиме до знаење дека секоја натамошна воена агресија против Украина ќе има сериозни политички, економски и стратешки последици за Русија“, нагласи тој.
Тој вети континуирана поддршка за балтичките држави Естонија, Латвија и Литванија, кои се вознемирени од неодамнешните потези на Русија.
„Ние стоиме покрај вас“, рече тој, додавајќи дека Германија многу сериозно ја сфаќа загриженоста на своите сојузници.
Тој најави дека следната недела ќе отпатува за Украина и Русија.
Русија неодамна групираше повеќе од 100.000 војници во близина на Украина, предизвикувајќи стравувања дека Кремљ би можел да планира нова воена офанзива против својот поранешен советски сосед.
Москва негираше дека се подготвува за инвазија, наведувајќи дека војниците се таму за вежби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Италијанската полиција фати Албанец со над 27 килограми кокаин

Италијанската полиција уапси 47-годишен албански државјанин, откако во автомобилот му биле пронајдени 27,6 килограми кокаин.
Дрогата била скриена во посебен простор под предните седишта на возилото.
Покарај кокаинот, полицијата го конфискува и возилото, а приведениот е однесен во притвор во затворот во Катанија.
Според албанските медиуми во италијанските затвори се наоѓаат над 2.000 албански државјани, осудени главно за трговија со дрога.
Свет
Албанија продолжува со рекордни бројки на странски туристи

Албанија продолжува со рекордни бројки на странски туристи, која во периодот јануари – август ја посетиле околу девет милиони.
Албанскиот Институт за статистика објави податоци што потврдуваат дека влезот на странски државјани е за 5,2 отсто поголем ако се спореди со истиот период пред една година, кога беа регистрирани вкупно 8,5 милиони странски државјани.
Само во август бројот на странски државјани кои влегле на албанска територија е 2,3 милиони, што е зголемување од 9,9 отсто, во споредба со истиот месец минатата година.
Албанската економија имаше корист од странските туристи од 2,1 милијарди евра за само шест месеци, до кога ја посетиле 4,76 милиони странци. Овие бројки потврдуваат дека 2025 година ќе биде уште пооптимистичка во однос на туризмот во земјата, додека приходите се очекува да се зголемат за околу 7,7 отсто во споредба со лани.
Се очекува приливот на туристи да продолжи и есенва, со што ќе се продолжи туристичката сезона во земјата. Туроператорите известуваат дека резервациите се високи и за септември и за октомври.
Минатата година Албанија ја посетиле над 11,7 милиони туристи или 15,2 отсто повеќе од претходната година. Очекувањата за годинава се над 12 милиони туристи.
Свет
Жена убиена на свадба во центарот на Шибеник, ја погодила ракета

Жена е повредена кога пиротехничко средство – сигнална ракета – било испукано во близина на катедралата „Свети Јаков“ во Шибеник синоќа, и починала од повредите во болница, соопшти хрватската полиција.
Во соопштението од полициската управа Шибеник-Книн се додава дека е уапсен 52-годишен маж, пренесува Хина. Во тек е кривична истрага, соопшти полицијата.
Хрватските медиуми неофицијално известуваат дека несреќата се случила за време на свадбена прослава, кога осомничениот испукал ракета.