Свет
ОН: Децата во Газа пијат солена вода

Децата се соочуваат со катастрофална ситуација во Газа, а родителите немаат друг избор, освен да им дадат солена вода, соопшти агенцијата за детска помош на ОН, УНИЦЕФ. Тоби Фрикер, портпарол на УНИЦЕФ, изјави за Би-би-си дека недостигот постоел во Газа и пред сегашниот конфликт да биде „подигнат на ново ниво“.
„Една жена од нашиот персонал има четиригодишно и седумгодишно дете, а таа само се обидува да ги заштити девојчињата, да ги одржува во живот секој ден“, рече тој.
„Таа зборуваше за тоа како пијат само солена вода, а ќерка ѝ вели: „Мамо, зошто не можам да ја пијам нормалната вода што ја имавме во нормални денови?“, додава тој.
Запрашан за резервите за помош што сега би можеле да влезат во Газа, Фрикер рече: „Имаше резерви, но тие беа многу мали. Кога ќе ги видите огромните потреби на теренот што ги имаме, треба да ги има уште многу, многу, многу повеќе“.
Фрикер повика на „итен хуманитарен прекин на огнот“ и зголемување на помошта за Газа „на трајна основа“.
„Она што сега го гледаме на дневна основа е дека децата се убиваат и се повредуваат“, рече тој, а потоа додаде: „Тоа е приоритет број еден – да се заштитат животите на децата и да се одржуваат децата во живот“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Подготвен сум за трилатерален состанок

Претседателите на САД и Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски, сè уште одговараат на прашањата на новинарите во Белата куќа.
„Ќе имаме состанок. Ако сè оди добро денес, ќе имаме трилатерален состанок и мислам дека постои разумна шанса тогаш да ја завршиме војната.“, рече Трамп.
Претседателот на САД, исто така се осврна на можна трилатерална средба меѓу него, Зеленски и Владимир Путин.
Тој додаде дека никогаш не може однапред да каже дали таа средба ќе значи крај на војната.
Зеленски рече дека е подготвен за трилатерален состанок и додаде дека би било многу добро да се одржи.
Свет
Tрамп на состанок со Зеленски: Украна ќе добие безбедносни гаранции

Претседателот на САД, Доналд Трамп за време на состанокот во Овалната соба со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, рече дека Украина ќе добие некаков вид безбедносни гаранции, но не прецизираше дали тоа ги вклучува и американските сили.
Зборувајќи во Белата куќа, американскиот претседател изјави:
„Ќе има многу помош кога станува збор за безбедноста. Ќе има многу помош. Ќе биде добро. Тие се првата линија на одбрана затоа што се таму, но и ние ќе им помогнеме. Ќе бидеме вклучени кога ќе дојде вистинското време.“
На Трамп му беше поставено и прашањеѕп дали денешниот самит е „договор или ништо“.
„Не можам да го кажам тоа“, одговори Трамп.
„Никогаш не е крај на патот. Луѓе умираат и ние сакаме да го спречиме тоа. Затоа не би рекол дека е крај. Мислам дека сега имаме добра шанса.“
Трамп додаде дека верува оти и Владимир Путин сака крај на војната.
Слетете ВО ЖИВО.
Свет
(Во живо) Eвропските лидери стигнаа во Вашингтон, почнува средбата меѓу Трамп и Зеленски

Претседателите на Украина и САД, Володимир Зеленски и Доналд Трамп повторно се сретнаa лице в лице во Вашингтон.
Тоа e нивна четврта средба во живо оваа година, и секоја од нив досега беше посебна на свој начин.
Претходно челниците на ЕУ и НАТО стигнаа во Белата куќа. Се очекува сите да се состанат по средбата меѓу Трамп и Зеленски.
Во Вашингтон стигнаа претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен, првиот човек на НАТО, Марк Руте, претседателот на Фрација, Емануел Макрон, канцеларот на Германија, Фридрих Мерц, британскиот премиер Кир Стамер, како и премиерката на Италија, Џорџа Мелони.