Свет
ОН: На повеќе од 1.000 луѓе потребна им е итна евакуација од Источна Гута

Обединетите нации соопштија дека повеќе од 1.000 луѓе, претежно жени и деца, имаат итна потреба од евакуација од Источна Гута крај Дамаск.
„Повеќе од 1.000 луѓе поради медицински причини треба итно да бидат евакуирани од бунтовничкиот дел во Источна Гута. Повеќето од нив се жени и деца“, изјави Линда Том, претставник на канцеларијата за хуманитарна координација на ОН во Дамаск.
Според ОН, меѓу тие 1.000 повредени или заболени има 77 приоритетни случаи на кои им е потребно итно да го напуштат бунтовничкото упориште. Истовремено, 28 болници и клиники се погодени, а девет здравствени работници се убиени од почетокот на офанзивата.
Силите на сирискиот претседател Башар ал Асад секојдневно сè повеќе го стегаат обрачот околу областа што е под опсада пет години. Дамаск сега контролира речиси 60 проценти од оваа област, а целта е да се поврати целосно. Во офанзивата што почна на 8 февруари, загинаа 1.144 лица, меѓу кои 240 деца, а повеќе од 4.400 лица се повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Во Албанија активни се 14 пожари, горат големи површини

Албанскиот министер за одбрана Пиро Венгу потврди дека во земјата 14 пожари се уште се активни и зафаќаат големи површини.
Во објава на социјалните мрежи, наведува дека во гаснењето на неколкуте големи пожар на југот на земјата, освен противпожарни единици, армиски, полициски сили и доброволци, вклучени се и хрватски и шведски авион „Канадер“.
Венгу додава дека се очекува пристигнување на два хеликоптери од воздухопловните сили на Обединетите Арапски Емирати, уште еден „Канадер“ од Грција и два хеликоптери од европскиот механизам од Чешка и Словачка.
Свет
Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа, предупредува Советот за безбедност на ОН

Спроведувањето на израелскиот план за преземање контрола врз градот Газа на истоимената палестинска територија, каде што Израел војува речиси две години, се заканува да предизвика нова катастрофа што би се почувствувала во целиот регион, предупреди денеска високиот функционер на ОН Мирослав Јенча.
Јенча, заменик-генерален секретар на ОН за Европа, Централна Азија и Америка, на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН во врска со овој план изјави дека во Појасот Газа се одвива хуманитарна катастрофа од големи размери.
Тој рече дека преземањето контрола врз градот Газа може да предизвика нова катастрофа во целиот Појас, предизвикувајќи понатамошно присилно внатрешно раселување и убивање цивили.
Израелскиот план беше остро осуден од претставникот на Словенија во Советот за безбедност и поранешниот министер за надворешни работи, Самуел Жбогар.
Во говорот во име на Данска, Грција, Франција и Словенија, тој рече дека секој обид за анексија, проширување на воените операции и кршење на меѓународното право дополнително ќе ги изложи на опасност сите цивили во Газа, вклучувајќи ги и преостанатите Израелци, заложници на милитантното исламистичко движење Хамас.
Свет
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција

Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени е регистриран денеска во западна Турција во регионот Баликесир, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби при Министерството за внатрешни работи на Република Турција (АФАД).
Земјотресот е почувствуван и во Истанбул и низ целиот регион на Мармара и Егејот.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 11 километри, на 52 километри од градот Баликесир.