Свет
ОН не се вклучени во отворањето коридори од кампот „Рукбан“ во Сирија
Обединетите нации не се вклучени во отворањето хуманитарни коридори за внатрешно раселените лица кои го напуштаат сирискиот камп за бегалци „Рукбан“, изјави портпаролот на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања, Јенс Лерке, во понеделникот, пренесува ТАСС.
„ОН не се вклучени во отворањето на хуманитарните коридори од ‘Рукбан’. Иницијативата е објавена од страна на ириските и руските власти и наводно ќе почне на 19 февруари во 9 часот”, истакна тој.
Лерке истакна дека ОН го повторуваат својот апел при секое враќање или преместување на беглаците од „Рукбан“ да се почитуваат клучните принципи, односно да е доброволно, безбедно, достоинствено и во согласност со минималните стандарди за заштита.
Москва и Дамаск претходно ги повикаа ОН и сириската Арапска црвена полумесечина да се приклучат на хуманитарната операција и ги повикаа американските партнери да покажат добра волја во корист на населението во Сирија.
„Рукбан“ е поставен во безбедносната зона Ал-Танф каде што се наоѓа американската воена база. Милитантите од опозициските групи го блокираат периметарот на безбедната зона. Според ОН, околу 40 000 луѓе, главно жени и деца, моментално се во кампот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Енергетската состојба во Украина останува критична по руските напади
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека во многу региони на земјата енергетската состојба и понатаму е тешка, поради руските напади врз критичната инфраструктура.
„Енергетските работници и екипите за поправки работат ден и ноќ за да го обноват снабдувањето со електрична енергија, греење и вода за луѓето. И ова е навистина монументален напор, кој има големо значење за нашите граѓани, за обнова на нормалниот живот по постојаните руски терористички напади“, рече Зеленски во објава на платформата Икс.
Според него, Русија оваа недела лансирала скоро 1.100 борбени дронови против Украина, повеќе од 890 водени авионски бомби и повеќе од 50 ракети од различни типови, меѓу кои и балистичка ракета со среден дострел „орешник“.
Свет
Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд
Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да се ублажат безбедносните стравувања на американскиот претседател Доналд Трамп и да се спротивстават на растечката закана од кинеската и руската војска, пренесуваат странските медиуми повикувајќи се на извор од британската влада.
Воените команданти прават планови за можна мисија на НАТО на островот, кој американскиот претседател се закани дека ќе го окупира од безбедносни причини, а британските претставници се сретнаа со колеги од голем број земји, вклучувајќи ги Германија и Франција, во последните денови за да започнат подготовки, изјави извор за Телеграф.
Плановите, кои сè уште се во рана фаза, би можеле да вклучуваат распоредување на британски војници, воени бродови и авиони за заштита на Гренланд од Русија и Кина, при што европските земји се надеваат дека значителното зголемување на нивното присуство на Арктикот ќе го убеди Трамп да се откаже од својата амбиција да го анектира стратешки важниот остров.
Извори од британската влада изјавиле дека Стармер ја сфатил „исклучително сериозно“ заканата од Русија и Кина во областа и се согласил дека мора да се преземе акција.
– Го делиме ставот на претседателот Трамп, растечката агресија на Русија на далечниот север мора да се запре, а евроатлантската безбедност мора да се зајакне. Велика Британија работи со сојузниците на НАТО за да започне напори за зајакнување на арктичкото одвраќање и одбрана, изјави еден од изворите.
Свет
Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна контрола врз територијата на Гренланд, која е автономна данска територија.
Баро рече дека „не верува“ во американската воена интервенција за окупирање на Гренланд, што беше најавено како можност од американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека „ништо не може да го оправда тоа“, пренесува БФМ.
Трамп претходно изјави дека Соединетите Американски Држави сакаат да ја анектираат територијата, бидејќи Русија или Кина имаат намера да го „окупираат Гренланд“.
„Не сакаме да бидеме Американци, не сакаме да бидеме Данци, сакаме да бидеме Гренландци“, изјавија во заедничка изјава лидерите на петте гренландски партии претставени во локалниот парламент, додавајќи дека „иднината на Гренланд мора да ја одлучи народот на Гренланд“.

