Свет
ОН: Ова е најтоплата деценија откако се вршат мерења
Деценијата во која живееме речиси со сигурност е најтопла од кога се вршат мерења, објави Светската метеоролошка организација (WMO) на климатскиот самитот на Обединетите нации во Мадрид.
Според податоците на WMO, 2019 година е втора или трета најтопла година во историјата, а периодот од 2015 до 2019 е најжешкиот петгодишен период откако постојат мерењата.
Екстремно брзото глобално затоплување без сомнение е поттикнато од емисиите на стакленички гасови.
„Не сме ни блиску до исполнување на целите од Парискиот договор“, рече генералниот секретар на WMO, Петери Теалас.
„Ако сега не преземеме итни мерки за климата, до крајот на векот ќе бидеме сведоци на пораст на просечната температура за повеќе од 3 степени“, предупреди тој.
Претставници на речиси 200 земји од светот се собраа во шпанската престолнина за да се договорат како да ги постигнат целите утврдени со Парискиот климатски договор, односно да го ограничат глобалното затоплување значително под два Целзиусови степена во однос на периодот пред индустриската револуција.
Глобалната просечна температура до октомври годинава изнесувала 1,1 степен над нивото пред почетокот на индустриската револуција на крајот од 18 век, објави WМО.
WМО го повтори неодамна изнесениот податок дека минатата година нивото на јаглерод диоксид достигнало рекордно високо ниво во атмосферата и дека годинава продолжува да расте.
Теалас рече дека податоците за WМО укажуваат оти океаните плаќаат висока цена поради глобалното затоплување, бидејќи тие апсорбираат голем дел од топлината и јаглеродниот диоксид, поради што температурата на морската вода се зголемува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

