Контакт

Свет

ОН побара од талибанците итно да ги поништат ограничувањата за авганистанските жени

Објавено пред

Советот за безбедност (СБ) на ОН во четвртокот едногласно усвои резолуција со која бара талибанците итно да ги поништат сите ограничувања што ги кршат правата на жените и девојките во Авганистан, пренесува „Гласот на Америка“.

dobivaj vesti na viber

На почетокот на април талибанците им забранија на авганистанските жени да работат во канцелариите на ОН во целата земја. Од ОН предупредија дека забраната може да ги парализира очајно потребните испораки на помош и може да ги принуди ОН да ја напуштат земјата.

Коспонзорирана од 90 држави, резолуцијата – поднесена од ОАЕ и Јапонија – со која се осудува забраната, вели дека ограничувањата ги поткопуваат човековите права и хуманитарните принципи и ги повикува сите земји членки на ОН да го искористат своето влијание за итно да поттикнат пресврт во политиките и практиките на талибанците кон жените и девојчињата.

„Светот нема мирно да гледа додека во Авганистан ги бришат жените од општеството. Со оваа резолуција СБ изразува недвосмислена осуда и испраќа јасен повик за итно отфрлање не само на оваа последна забрана туку и на другите што ги ограничуваат правата на жените и девојките во Авганистан“, истакна амбасадорката на ОАЕ во ОН, Лана Нусејбе.

Џојс Букуру, висок претставник на „Амнести интернешнл“, истакна дека резолуцијата мора да биде проследена со максимален меѓународен притисок што испраќа јасна порака до талибанците дека правата на жените и девојките не се предмет на преговори – тие се универзални и неотуѓиви.

Заменик-амбасадорот на САД во ОН, Роберт Вуд, ги пофали земјите со мнозинско муслиманско население кои се изјасниле против одлуката на талибанците да им забранат на жените да се образоваат, да работат во невладини организации, ОН и во речиси секој сектор од економијата.

Иако Русија гласаше за резолуцијата, амбасадорот Василиј Небензја изрази разочарување што неговите колеги од Западот ги блокирале поамбициозниот пристап и текстовите и исто така повика да ѝ се вратат на авганистанската Централна банка 7 милијарди долари што САД ги замрзнаа без никакви предуслови по преземањето на власта од талибанците.

САД лани создадоа авганистански фонд со швајцарските банки за да распределат половина од таа сума како помош за Кабул, но во очекување гаранции од талибанците дека централната банка е независна од групата, сè уште не е исплатена никаква помош од фондот.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, в понеделник ќе биде домаќин на дводневен меѓународен состанок во Катар со амбасадорите во Авганистан во обид да најдат трајно решение за напредок во земјата разурната од војната.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Зеленски и Трамп разговараа пред новата рунда преговори со Русија

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп разговараа телефонски во пресрет на новите преговори со Русија.

dobivaj vesti na viber

Во објава на мрежата „Икс“, Зеленски соопшти дека со Трамп разговарал за прашањата што ќе бидат тема на утрешните билатерални разговори во Швајцарија. На разговорот присуствувале и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.

Зеленски наведе дека разговарале и за подготовките за следните трилатерални мировни преговори меѓу Москва, Киев и Вашингтон, планирани за почетокот на март.

„Очекуваме овој состанок да создаде можност разговорите да се подигнат на ниво на лидери. Претседателот Трамп го поддржува овој редослед на чекори. Тоа е единствениот начин да се решат сите сложени и чувствителни прашања и конечно да се стави крај на војната“, изјави Зеленски.

Тој нагласи дека украинскиот и американскиот тим интензивно работат и им се заблагодари на САД за активното учество во преговорите и напорите за завршување на војната.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Мексико ја скратува работната недела од 48 на 40 часа

Објавено пред

Мексиканскиот парламент усвои уставна реформа со која работната недела постепено ќе се скрати од 48 на 40 часа, при што намалувањето целосно ќе стапи во сила во 2030 година.

dobivaj vesti na viber

Од 2027 година работната недела ќе се намали на 46 часа, а потоа ќе се кратат по два часа годишно сè додека не достигне 40 часа во 2030 година. Властите нагласија дека намалувањето на работното време нема да доведе до намалување на платите.

Реформата беше изгласана со 469 гласа „за“ и без ниту еден „против“. За да стапи во сила, потребно е одобрување и од 17 од 32 регионални парламенти.

Опозициски пратеници ја критикуваа реформата, оценувајќи дека не гарантира доволно денови за одмор. Тие побараа експлицитно да се предвиди два дена одмор по пет работни дена.

Според податоците, Мексико е меѓу земјите со највисоко ниво на стрес поврзан со работата, што беше наведено како аргумент за потребата од повеќе одмор.

Прикажи повеќе...

Свет

Зеленски: „Дружба“ нема наскоро да биде поправена, Унгарија да се обрати до Русија

Објавено пред

Поправката на нафтоводот „Дружба“, преку кој се транспортира руска нафта кон Источна Европа, нема да биде завршена наскоро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај барањата од Европската унија и негодувањето од Унгарија.

dobivaj vesti na viber

Испораките на руска нафта кон Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, откако, според Киев, во руски напад била оштетена опрема на нафтоводот во западна Украина. Будимпешта и Братислава, пак, ја обвинуваат Украина за прекинот.

Зеленски изјави дека Русија е целосно одговорна за прекинот поради нападите врз украинската критична инфраструктура и ги отфрли „ултиматумите и политичкиот притисок“.

Тој додаде дека Унгарците треба да се обратат до Русија доколку сакаат решавање на проблемот.

„Унгарците треба да апелираат до Русите за енергетско примирје“, изјави Зеленски.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Уставниот суд: Нема постапка за пензиите, запрена за Кривичниот законик

По 5. седница на Уставниот суд, претседателот Дарко Костадиновски и судијата проф. Осман Кадриу информираа за одлуките по предмети од...

Македонија10 часа

Преживеаните музичари од „Пулс“ сведочеа дека не виделе кој ги наместил и активирал прскалките кобната ноќ: „Пожарот почна на рефренот, тргнав кон врата која беше заклучена“

Со опис на првите искри, паниката и стампедото во кое животот го загубија 63 лица, денеска продолжи судењето за пожарот...

Македонија12 часа

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, стојам зад секој кажан збор

Тужбата за клевета нема да го испере Заев, ниту ќе ја сокрие вистината, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, по...

Македонија14 часа

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели,...

Македонија15 часа

Стојаноски за платите на функционерите: се намалуваат за над 10.000 денари, законското решение е согласно Устав

„Поднесовме предлог на измена на шест закони, со овој пакет на закони се опфаќаат Законот за пратениците, Законот за плата...

Македонија16 часа

Политичарите да се воздржат од коментирање на одлуката за притворот на Груби, апелира Здружението на јавните обвинители

Здружението на јавните обвинители апелира до сите политички партии и функционери да го почитуваат и да не го загрозуваат начелото...

Македонија16 часа

(Видео) „Обвинителството се заплетка со притворот за Груби, се покажа дилот, сè е договорено“, вели Кузеска

„Политичкиот дил ВМРО-ДУИ со Груби веќе на сите им è јасен, граѓаните знаат што се случува. Разоткриенo е секое делче...

Македонија16 часа

Обвинителите бараат итно да се повлече од дневен ред точката за намалување на нивните плати: Се загрозува независноста со економски притисок

Здружението на јавните обвинители утрово испрати итка рекација до Собранието во која бараат да биде повлечена од дневен ред на...

Македонија16 часа

Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје

В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија....

Македонија16 часа

Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло

Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор –...

Македонија16 часа

Утре без струја неколку скопски населби

Поради реализација на инвестициски зафат, а со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, во четврток 26.02.2026 година,...

Економија17 часа

Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа, објави Николоски

Вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил објави мапа со воспоставени 22 нови авио дестинации кон Европа од двата домашни аеродроми....

Македонија17 часа

Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад од прв до последен, велат од „Вреди“

Артан Груби е црната кутија на ДУИ. Не е обичен поранешен функционер во куќен притвор, туку човекот што ги знае...

Европа18 часа

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру за трговски претставник, што е резултат на жестока...

Свет19 часа

(Видео) Во своето обраќање до нацијата, Трамп го спомена и убиството на Украинката: „Ќе обезбедиме правда“

Американскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање пред Конгресот ја спомена 23-годишната Украинка Ирина Заруцка, која беше брутално убиена во...

Свет19 часа

Трамп за Венецуела: Добивме 80 милиони барели нафта од нашиот нов партнер

Американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша Венецуела како „сојузник“ на САД во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник,...

Свет20 часа

(Фото) Откриена најголемата колонија на корали во светот во близина на Австралија

Тим од мајка и ќерка, и двете научници, ја откри најголемата позната корална колонија во светот покрај брегот на Австралија....

Свет20 часа

(Видео) Расте бројот на жртви по обилни дождови во Бразил

Бројот на жртви од обилните дождови што ја погодија југоисточната бразилска држава Минас Жераис се искачи на најмалку 25, а...

Свет20 часа

(Видео) Трамп: „Победуваме толку многу што веќе не знаеме што да правиме со тоа“

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи „златно доба“ за Америка во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник. „Нашата нација...

Македонија1 ден

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...