Свет
ОН: Потребно е да се обезбеди храна за 20 милиони лица во Јемен

Повеќе од 15 милиони луѓе во Јемен се наоѓаат во кризна ситуација, а оваа бројка би можела да достигне до 20 милиони доколку на земјата не ѝ се обезбеди помош во храна, соопшти Светската програма за храна на Обединетите нации.
Истражувањето коешто во октомври го спровеке јеменски и меѓународни стручњаци, покажало дека 65 илјади луѓе се соочуваат со гладување, а повеќето од нив се во областите каде што има судири.
,,Оваа бројка може да се зголеми на 237 илјади луѓе, доколку помошта не допре до нив”, се наведува во соопштението на Светската програма за храна на ОН.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Француски сенатор: Со Америка владее луд император и издрогиран дворски шут

Францускиот сенатор Клод Малхурет денеска одржа говор во францускиот Сенат, во кој остро ја критикуваше моменталната состојба на американската политика и нејзиното влијание врз глобалните настани, особено војната во Украина.
Малхурет го спореди Вашингтон со дворот на Нерон, го нарече Трамп „луд император“ и го опиша Илон Маск како „дворски шут на кетамин“.
„Бевме во војна со диктатор, сега сме во војна со диктатор поддржан од предавник“, рече Малхурет, додавајќи дека верува оти одлуките на Трамп практично ги усогласиле САД со Русија на Путин, што дополнително го комплицира конфликтот во Украина.
BREAKING: French Senator Claude Malhuret just called Trump an “emperor” and Musk a “jester high on ketamine”:
“Washington has become Nero’s court, with an incendiary emperor, submissive courtiers and a jester high on ketamine. We were at war with a dictator, we are now at war… pic.twitter.com/0x0pgrkQcK
— Brian Krassenstein (@krassenstein) March 5, 2025
Говорот на францускиот сенатор доаѓа кога Америка прави силна промена на политиката кон војната во Украина, откако Трамп вчера ја прекина воената помош за Киев, и по неодамнешната расправија меѓу американскиот претседател и Володимир Зеленски во Белата куќа.
Во својот говор Малхурет ја истакна важноста на европското единство и независност во време кога, според него, САД ги напуштаат своите сојузници. Тој повика на забрзана воена помош за Украина, употреба на замрзнати руски средства и брзо зајакнување на европските одбранбени капацитети.
Свет
Зеленски: Очекуваме позитивни вести од САД почнувајќи од следната недела

Киев очекува позитивни вести од САД почнувајќи од следната недела, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Во своето ноќно обраќање, Зеленски рече дека има „позитивен напредок“ во соработката со Вашингтон и дека очекува резултати следната недела – вклучително и идна средба меѓу двете страни.
Зеленски вчера призна дека жали за расправијата со Доналд Трамп и Џеј-Ди Венс во Овалната соба и нагласи дека сака да продолжи со поддршката на САД кон мирен крај на конфликтот.
Свет
Украина: Договоривме средба со Американците во блиска иднина

Договорена е нова средба помеѓу САД и Украина.
„Американско-украинската средба ќе се одржи во блиска иднина“, потврди главниот помошник на Володимир Зеленски.
Андриј Јермак, кој ја предводи канцеларијата на претседателот, рече дека штотуку разговарал со американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц.
„Разговаравме за следните чекори кон праведен и траен мир“, се вели во изјавата на Јермак.
„Разменивме мислења и за безбедносни прашања и усогласување на позициите во рамките на билатералните односи меѓу Украина и САД. Закажавме средба на нашите тимови во блиска иднина за да продолжиме со оваа важна работа“, додаде тој.