Свет
ОН признаваат дека 70 отсто од мигрантите со чамци не ги исполнуваат условите за азил
Огромното мнозинство мигранти што патуваат со чамци не се бегалци, призна високиот комесар за бегалци на ОН.
Винсент Кошетел, специјален пратеник на УНХЦР за состојбата со нелегалната миграција во Средоземното Море, побара од државите членки на ЕУ да им овозможат на приватните невладини организации непречен пристап во Европа на мигрантите.
Во интервју за „Инфомигрантс“ објавено во вторникот, Кошетел тврди дека т.н. пооморско спасување е основен принцип на хуманоста споредувајќи ги невладините организации со службите за итна помош, како што се противпожарните бригади.
„Ако европските држави не сакаат да преземат одговорност за спасување на море, нека им направат пат на актерите од граѓанското општество“, рече тој.
Сепак, Кошетел не го коментира фактот дека европските даночни обврзници – наместо невладините организации што поддржуваат масовно мигрирање – мора да ги покријат сметките и сместувањети за мигрантите што се спасени на Медитеранот.
„Само 30 отсто од оние што пловат од Либија имаат потреба од заштита. Тоа значи дека 70 отсто немаат намера да бараат азил во Европа“, изјави Кошетел пред да продолжи да сугерира дека нациите на ЕУ треба да ја засилат депортацијата на нелегалните мигранти.
Истакнувајќи дека масовниот увоз на луѓе што продолжува со ист интензитет ќе доведе до проблем со кредибилитетот во иднина, Кошетел продолжи:
„Мора да се воспостави фер и правичен механизам за враќање бидејќи во спротивно целиот систем за азил ќе биде доведен во прашање од европските држави и нивните народи“.
Прашан за зголемениот број Алжирци што се упатиле кон Европа, Кошетел рече дека верува оти егзодусот од Северна Африка се должи на немањето економски можности, влошени со ограничувањата наметнати од коронавирусот.
И додека невладините организации, кои се залагааат за отворени граници – индустрија чиј раст експлодира последниве години – бараат земјите на ЕУ да бидат принудени да земат неограничен број мигранти од третиот свет, и Европејци страдаат во тешкиот економски период како резултат на коронавирусот.
Според податоците на ОН собрани од јануари, најчестите нации од кои потекуваат медитеранските мигранти оваа година се Авганистан и Сирија, а потоа следуваат Мароко и Алжир.
Што се однесува до другите рути кон Европа, Меѓународната организација за миграција (ИОМ) претходно процени дека од 80 до 85 отсто од мигрантите што се обидоа да влезат во нациите на ЕУ преку Балканот се економски мигранти, а не луѓе на кои им е потребна меѓународна заштита.
Повеќе од една третина од овие мигранти се од Пакистан, а секој петти тврди дека е Сириец, според координаторот на ИОМ за регионот, Петер ван дер Ауверерт.
„Имам сомнежи во врска со Сиријците бидејќи имаме и голем број луѓе од Северна Африка кои тврат дека се Сиријци“, изјави тој за „Евроњуз“ во 2018 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сали и Бегај разговараа за политичката состојба и европската интеграција на двете земји
Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.
За време на средбата, двете страни разменуваа мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.
Првиот заменик‑претседател на Владата, Сали, истакна дека Албанците во Северна Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.
На средбата беше нагласено дека Република Северна Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција.
Свет
Две жртви во трамвајската несреќа во Милано, истрагата насочена кон возачот
Во тешка несреќа во Милано загинаа две лица, а 39 се повредени откако трамвај излета од шините и удри во зграда на улицата „Виале Виторио Венето“, во близина на „Порта Венеција“.
Една од жртвите е 60-годишен пешак кој останал приклештен под возилото, додека вториот загинат е патник кој починал во болница од здобиените повреди.
Истрагата е насочена кон возачот, кој наводно изјавил дека му се слошило непосредно пред несреќата. Се проверува можноста за ненадејна здравствена состојба, особено затоа што трамвајот ја прескокнал последната станица пред свиокот. Првичните проверки не покажале технички дефект.
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека најверојатно причината не е механички проблем и дека станува збор за ново возило управувано од искусен возач. Отворена е истрага.
Несреќата предизвика реакции од италијанските власти, кои изразија сочувство и најавија целосно утврдување на околностите.
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos

