Свет
Орбан го свика унгарскиот совет за одбрана поради ескалацијата на војната во Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан свика состанок на Советот за одбрана поради последните случувања во војната во Украина и зголемената закана од ескалација на конфликтот, објави портпаролот на Орбан, Берталан Хаваси.
Орбан, заедно со шефовите и државните секретари на релевантните министерства, советникот за национална безбедност на премиерот и командантот на унгарската армија, ќе ја разгледаат ситуацијата по одлуката на САД да дозволат напади на руска територија со оружје доставено во Украина, јави МТИ.
Ќе се разговара и за одлуката на Москва да ја прошири листата на закани на кои Русија би можела да одговори со употреба на нуклеарно оружје, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Од кабинетот на Зеленски негираат дека тој се подготвува да се кандидира за втор мандат

Од кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски го демантираат извештајот на британскиот Економист дека Зеленски се подготвува да се кандидира за втор мандат на претседателските избори во јули.
Оттаму исто така, негираа дека Зеленски одржал состанок за изборите во јули, на кој наводно, според Економист, му наредил на својот тим да ги организира изборите, пренесе УНИАН.
Извор од украинската влада изјави дека главното прашање сега е постигнување мир и дека е целосно лажно дека подготовките за изборите веќе се во тек.
Свет
Марин Ле Пен ќе поднесе жалба на пресудата

Марин Ле Пен ќе поднесе жалба на одлуката на судот со која лидерката на француската крајна десница е осудена на четири години затвор, соопшти нејзиниот адвокат.
Според одлуката, две од вкупно четирите години затвор ќе бидат условна казна. Судот пресуди и дека Ле Пен треба да добие петгодишна забрана за вршење јавна функција и треба да плати парична казна од 100.000 евра.
Ле Пен е прогласена за виновна за проневера на европски фондови.
Ова е удар за демократијата – рече нејзиниот адвокат.
– Марин Ле Пен ќе продолжи да се бори – изјави портпаролот на нејзината партија Национален собир.
Ле Пен важи за еден од фаворитите за претседателските избори во Франција закажани за 2027 година.
Свет
Во експлозија во рудник во Шпанија загинаа 5 рудари

Најмалку пет лица загинаа, а четворица се повредени во несреќа во рудник во северна Шпанија, соопшти итната помош.
Локалните медиуми први јавија дека имало експлозија во рудник за јаглен. Две лица кои исто така биле таму во моментот на инцидентот се неповредени, пренесува АП.
Управата за вонредни состојби во соопштението наведува дека за спасувачката операција мобилизирала три хеликоптери.
Претседателот на Астурија, Адриан Барбон, нареди да се прогласи дводневна жалост во таа покраина, јавува Би-Би-Си.
Шпанскиот премиер Педро Санчез упати сочувство до семејствата на жртвите.
На повредените им посакувам брзо закрепнување“, напиша тој на Х.