Свет
Осомничениот за пукање во Анаполис испратил писмо – сакал да ги убие сите во весникот

Човекот осомничен за убиството на пет лица во редакција во Анаполис минатата недела испратил писмо до адвокатот на дневниот весник „Капитал газет“ најавувајќи дека планира да оди во редакцијата и да „ги убие сите присутни во весникот“. Ова го покажува копијата од писото којашто ја објавија американските медиуми.
Во бизарното писмо, кое е испратено по пошта на 28 јуни, кога се случи пукањето, осомничениот Џерод В. Рамос ги наведува своите забелешки на начин на којшто писмото наликува на судски документ. Триесет и осумгодишниот Рамос имал долг правен спор со весникот за колумна објавена во 2011 година, а во која детално се пишува за неговото малтретирање на поранешен соученик во средно училиште.
Во своето писмо тој го обвинува судството дека е „премногу кукавичко од нивна страна што не можеле да се соочат до лагите“. Тој директно му пишува на судијата кој го водел неговиот случај против весникот:„ Tребаше да умреш “, му порачува тој на судијата, потпишувајќи го писмото со „Пријатели засекогаш”.
Џеклин Дејвис, портпарол на полициската станица во округот Ен Арундел, изјави дека Рамос испратил три писма кои во понеделникот биле пријавени во полиција. Покрај писмото испратено до адвокатската канцеларија на весникот, тој испратил писма и до судот во Балтимор Сити и со судот за жалби во Мериленд.
Пет лица беа убиени и неколкумина се ранети во пукањето што се случи во редакција на весник во Анаполис, во сојузната американска држава Мериленд, недалеку од Вашингтон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Протести во цела Србија по крвавата ноќ во Нови Сад

По синоќешното полициско насилство на кампусот на Универзитетот во Нови Сад, денеска веќе се одржуваат протести во повеќе српски градови. Илјадници граѓани и студенти се собраа на улиците како одговор на, како што велат, бруталните акции на полицијата.
Од Центарот на протестите во Нови Сад се јавуваат пораки на отпор: „Ќе одговарате. Ќе одговарате. Ќе одговарате“. Студентите во блокада обвинија дека инцидентите биле инсценирани, а полициската интервенција однапред планирана. „Оние кои го нарачаа синоќешниот варваризам се свесни дека институционалното решавање на кризата би ги довело до доживотен затвор и се подготвени да ја жртвуваат Србија за да се спасат себеси“, наведоа тие.
Valjevo trenutno !!! 💪🏻❤️
Za Novi Sad ! 🙏🏻
Repost – Marija Ognjenović pic.twitter.com/iyGq5BMyiv
— Shonetin (@kaonikotinn) September 6, 2025
View this post on Instagram
Kragujevac trenutno!
Protest je trenutno ispred zgrade SUPa, sugrađani skandiraju! pic.twitter.com/wMKwFUhIux
— Kreni-Promeni (@KPromeni) September 6, 2025
Građani se okupljaju ispred “29. novembra” u Beogradu pic.twitter.com/dF6jVE7eSB
— Čuvari/ke vatre (@CuvariVatre) September 6, 2025
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека 13 полицајци се повредени, а 42 лица се приведени. Полицијата и понатаму останува распоредена пред Ректоратот и Филозофскиот факултет.
Деканите на неколку факултети на Универзитетот во Нови Сад пак побараа оставка од ректорот Дејан Мадиќ, наведувајќи дека токму на неговиот кампус полицијата извршила насилен упад врз мирни студенти. „Насилното однесување на неколку демонстранти не може да биде изговор за неселективна употреба на хемиски средства против илјадници граѓани,“ стои во нивната заедничка изјава.
Ситуацијата доби и меѓународна димензија – групата социјалисти и демократи во Европскиот парламент остро го осудија и полициското насилство и изјавите на претседателот Александар Вучиќ, кој европратениците ги нарече „олош“.
Свет
Сијарто: Не нè интересира Москва, за Украина нема место во ЕУ

Министерот за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека ставот на неговата земја не е диктиран од Москва, туку произлегува од интересите на унгарските граѓани. Тој се повика на референдум, според кој мнозинството гласачи се изјасниле против украинското членство поради загриженост за земјоделството, пазарот на труд и безбедноста.
Изјавата дојде по средбата на украинскиот претседател Володимир Зеленски со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Зеленски претходно порача дека е „чудно“ кога дури и Владимир Путин не се противи на европските интеграции на Киев, а тоа го прави Унгарија.
Сијарто возврати дека унгарската политика се креира внатрешно, а не по диктат на надворешни сили.
„Нè интересираат само нашите граѓани, а не ставовите од Москва“, рече тој.
На ова реагираше украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха, кој оцени дека приклучувањето на Украина не претставува закана за Унгарија. Тој потсети дека унгарските земјоделци активно купуваат украинска пченица, а унгарските компании и пред војната вработувале украински работници за да го пополнат недостигот од кадар.
„Наместо препукувања преку социјалните мрежи, потребна е суштинска дискусија и прагматичен пристап. Верувам дека можеме да најдеме решенија во интерес на двата народа“, порача Сибиха.
Иако сите 27 земји-членки на ЕУ формално дале зелено светло за отворање на преговорите, Унгарија и понатаму го блокира процесот. Минатата година, Будимпешта ѝ достави на Украина листа со 11 барања поврзани со правата на малцинствата, но дел од разговорите биле стопирани поради скандал со наводна шпионажа.
Во меѓувреме, Литванија предложи преговорите да започнат технички со поддршка од 26 земји, а правно да се финализираат кога Унгарија ќе се согласи.
Свет
Хрват со два ножа нападнал полицајци во Германија, тие го застрелале

Германската полиција застрела и сериозно рани 25-годишен Хрват во Сасенберг откако наводно нападнал полицајци со два ножа, соопштија канцеларијата на јавниот обвинител и полицијата, објави Билд.
И покрај повторените предупредувања од полицијата и барањата да го спушти оружјето, напаѓачот одбил да го запре нападот. Потоа полицијата го застрелала сторителот во горниот дел од телото. Тој се здобил со сериозни, но не опасни по живот, повреди и бил однесен во болница.
Според истражителите, инцидентот бил расправија меѓу соседи, а инцидентот се случил во петокот околу 14:30 часот. Во еден момент, 25-годишниот маж наводно извадил два ножа, кои подоцна ги употребил за да им се закани на полицајците.
Хрватот, објавува германскиот весник, лесно повредил 39-годишен маж и уште еден сосед (50) со оружјето, пред да избега.
Кога службите за итни случаи го фатиле во близина кратко потоа, ситуацијата ескалирала.