Свет
Остин: Руските ѕверства ги обединија мисиите
Руските злосторства дополнително ги обединија мисиите на добра волја што стојат покрај Украина – изјави американскиот министер за одбрана Лојд Џеј Остин по состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина во Брисел, како дел од состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО.
Тој го изрази своето задоволство што на денешниот состанок учествуваа министри за одбрана од околу 50 земји и ја повтори решеноста на НАТО и меѓународната заедница да ја поддржат самоодбраната на Украина.
„Тие напади врз цели без воена цел уште еднаш ја откриваат злонамерноста на изборот на војна на Путин. Тука сме затоа што правилата се важни, бидејќи суверенитетот е важен. А Путин во изминатите неколку дена на сите ни даде уште еден мрачен поглед кон иднината во која апетитите на агресивните автократи ги надминуваат правата на мирните држави“ – истакна американскиот министер за одбрана.
Тој додаде дека Контакт групата денеска изрази заедничка посветеност да продолжи да им обезбедува на украинските ветерани се што ќе им биде потребно во тешките недели, месеци и години што доаѓаат.
„Разговаравме за начините да направиме уште повеќе во обуката на украинските сили кои толку импресивно ги користат нивните нови способности. Нашата долгорочна поддршка за Украина, транспарентноста и одговорноста остануваат клучни. Благодарни сме на нашите многубројни сојузници и партнери кои се тркаа да снабдуваат оружје за да ги задоволат потребите на украинската самоодбрана, честопати повлекувајќи се од сопствените резерви“ – нагласи тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелски министер: Мамдани е поддржувач на Хамас, ова е срамота
Социјалистот Зохран Мамдани победи на изборите за градоначалник на Њујорк на локалните избори.
Израелската влада официјално не го коментираше неговиот избор, но веста предизвика жестоки реакции од десничарските политичари и повици Евреите од Њујорк да се преселат во Израел.
Министерот за национална безбедност Итамар Бен Гвир рече дека изборот на Мамдани е „срам што ќе се памети засекогаш“, нарекувајќи го новиот градоначалник „поддржувач на Хамас, отворен антисемит и непријател на Израел“.
Поранешниот израелски амбасадор во ОН и САД, Гилад Ердан, напиша на X дека „противник на Израел, кој нè гледа како геноцидна држава на апартхејдот, сега го води најважниот град во светот, дом на најголемата еврејска заедница надвор од Израел“.
Тој додаде дека тоа е „темен ден“ за секој што ја разбира „важноста на сојузот со Соединетите Американски Држави“.
Поранешниот министер за одбрана и надворешни работи, Авигдор Либерман, напиша на X: „Големото јаболко падна“, нарекувајќи го Мамдани „лицето на тивкиот џихад“. Тој ги повика Евреите од Њујорк „кои го ценат животот“ да се преселат „таму каде што припаѓаат – во Земјата Израел“.
Фото:ЕПА
Свет
(Видео) Зохран Мамдани, новиот градоначалник на Њујорк, прослави со боливудски хит
Прославата на победата на Зохраб Мамдани на изборите за градоначалник на Њујорк имаше неочекуван саундтрак – популарната боливудска песна „Дум Мачале“ одекнуваше низ салата додека новиот градоначалник го славеше историскиот момент, објавува „Хиндустан тајмс“.
На 34-годишна возраст, Мамдани влезе во историјата станувајќи не само првиот муслимански градоначалник на Њујорк, туку и најмладата личност избрана на функцијата во последните сто години.
Mamdani ended his speech with Dhoom Machale 😭😫 pic.twitter.com/21TBjSbk26
— L (@rebrandthisshi) November 5, 2025
Демократскиот социјалист победи со прогресивна програма, поразувајќи го поранешниот гувернер Ендру Куомо и републиканецот Кертис Слива.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Маж несоодветно ја допрe претседателката на Мексико среде улица
Додека претседателката на Мексико, Клаудија Шејнбаум, разговараше со граѓани во Мексико Сити, еден маж ненадејно помина зад неа, се обиде да ја бакне во образ и накратко ја допре.
Обезбедувањето веднаш реагираше и го тргна човекот.
На снимката се слуша како Шејнбаум мирно вели „Не грижете се“, додека го одбива напаѓачот и продолжува да се насмевнува.
Шејнбаум често влегува меѓу народот, се ракува и фотографира со граѓани — исто како и нејзиниот претходник Андрес Мануел Лопез Обрадор.

