Свет
Остри реакции од Кина откако германската министерка го нарече кинескиот претседател диктатор

Кина ја прозва Германија кога нејзината министерка за надворешни работи го нарече претседателот Шји Џјинпинг – диктатор, и го повика амбасадорот на разговори.
Како диктатор, Аналена Баербок го опиша кинескиот претседател за време на интервјуто за „Фокс њуз“ минатата недела.
Коментирајќи ја војната во Украина, Баербок изјави: „Ако Путин победи во оваа војна, која би била пораката за другите диктатори во светот, како Шји, како кинескиот претседател?“
Кинеската влада во неделата ја повика германската амбасадорка во Кина, Патриша Флор, во знак на протест поради коментарите на Баербок, изјави вчера портпаролот на германското Министерство за надворешни работи за Си-ен-ен.
Кинеското Министерство за надворешни работи објави дека Пекинг е крајно незадоволен од коментарите на Баербок и остро се спротивставува.
„Забелешките на Германија се крајно апсурдни, тие сериозно го загрозуваат политичкото достоинство на Кина и се отворена политичка провокација“, изјави на вчерашната прес-конференција портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.