Свет
Официјалните претставници на Пентагон добиваат скапи подароци од светските лидери
Највисоките претставници на Пентагон добија разни подароци од странските влади во 2017 година, меѓу кои има сè, од „ајфони“ до оружје, покажа извештајот од Стејт департментот.
Според законот, државата подготвува годишна листа на подароци или патни трошоци што им се даваат на владините претставници на САД во сите федерални агенции, цивилни и воени.
На врвот на листата на најскапите подароци е подарокот што го доби претседателот Доналд Трамп – калиграфски дисплеј и порцелански сет вреден повеќе од 30.000 долари, што ги доби од претседателот на Кина.

Тие подароци подоцна му беа предадени на Националниот архив.
На врвот на листата на подароци на претставниците на Пентагон има мечеви, сабји и пушки, но и часовници.
Генерал Џозеф Вотел доби „ајфон 7“ и часовник од катарскиот началник на Генералштабот на вооружените сили. Генерал-мајор Хамад бин-Али на 17 јануари 2017 година му подари „ајфон“ и часовник „барон филип“ во вредност од 650 и 750 долари.
Поранешниот министер за одбрана, Џим Матис, доби меч со главата на Медуза од грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос. Подарокот вреден околу 440 долари се наоѓа во канцеларијата на министерот за одбрана заклучен со други подароци.

Матис доби друг вреден подарок од Катар, сабја и корица од 7.600 долари.
Претседателот на Украина, Петро Порошенко, му даде на Матис часовник и пушка „форт 224“ во вредност од 3.870 долари.
Министерот за одбрана на Мексико му подари на Матис некои работи, вклучувајќи текила, церемонијален меч и други предмети, во вредност од 825 долари.
Владата на Кина му подари на еден официјален претставник на Пентагон три филџани за кафе, 12 воени музејски разгледници, ДВД, маици и очила за сонце и многу други работи. Сè е проценето на 816 долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида
Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.
Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.
Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.
Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.
Ниеден агент не е повреден.
Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.
Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.
Регион
(Видео) Повторно драма на Јахорина: дете висеше од жичара
На Јахорина се случи вистинска драма кога едно дете висеше од жичара.
Како што известува порталот „Drinainfo“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето успешно беше спуштено на земја.
На објавеното видео се гледа дека две лица го држат детето кое висеше од седиштето, додека присутните трчаат да му помогнат безбедно да стигне до земјата.
Засега не е познато дали детето е повредено.
Да потсетиме, пред четири дена на Јахорина дете падна од жичара и со повреди на ногата беше пренесено во болница.

