Свет
Официјално: ДНК анализата потврди дека Пригожин е мртов
ДНК анализата потврдила дека Пригожин е мртов- пишува BBC.
Руските власти потврдија дека ДНК анализите потврдиле дека шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин загинал во авионската несреќа.
По, како што се нарекува, генетски испитувања, рускиот истражен комитет наводно потврдил дека 10 лица наведени од Руската авијација како патници во авионот се мртви.
„Како дел од кривичната истрага за авионската несреќа во регионот Твер, завршени се молекуларните генетски тестови. Според нашите резултати, сите десет патници се мртви“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Полицаец со сопругата и 9-годишниот син загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Белград, во нив удрил пијан возач
Полицискиот службеник Бојан Ж. (43), неговата сопруга Дијана К. (38) и нивниот деветгодишен син загинале ноќеска во стравична сообраќајна несреќа во Нов Белград, кога во нивниот автомобил „Хјундаи“ удрило „ауди“ со кој управувал 24-годишниот Н. Ѓ. , под дејство на алкохол, пишува „Телеграф“.
Ввозачот на аудито поминал на црвено светло и со голема брзина директно се судрил со возилото во кое се наоѓало семејството. Сударот бил толку силен што двата автомобили биле целосно уништени, а на аудиото се активирале и воздушните перничиња.
Возачот имал 1,17 промили алкохол во крвта. Освен што ја усмртил целата фамилија, тој полесно се повредил, а неговиот сопатник, 24-годишниот Јован П. од Брчко, се здобил со потешки повреди и е хоспитализиран во Ургентниот центар во Белград.
Осомничениот Н. Ѓ. е приведен и му е одредено задржување од 48 часа.
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјавил дека несреќата се случила околу 00:50 часот во улицата Омладинских бригада во Нов Белград и потврдил дека против возачот е поведена постапка за тешки дела против безбедноста на јавниот сообраќај.
„Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и истакнувам дека ќе продолжиме со најстроги контроли и санкции за сите кои со своето неодговорно однесување го загрозуваат животот на граѓаните“, изјавил Дачиќ.
Свет
Австрија против бојкот на Израел на Евровизија: Имаме историска одговорност
Австрискиот канцелар Кристијан Штокер изјави дека Австрија се залага за учество на Израел на следното натпреварување за песна на Евровизија, кое ќе се одржи во Виена во мај 2026 година.
„По мое мислење, би било фатална грешка доколку го исклучиме Израел од натпреварувањето“, изјави Штокер за германската агенција ДПА, додавајќи дека таквата одлука би била спротивна на „историската одговорност“ на Австрија, со алузија на нејзината улога во холокаустот.
Штокер нагласи дека Австрија сака да се претстави како „отворен домаќин за целиот свет“.
Неколку земји-членки на Европската радиодифузна унија – меѓу нив Шпанија, Холандија и Ирска – најавија можен бојкот на натпреварот доколку Израел остане во конкуренција. Конечната одлука ќе биде донесена во декември.
Расправа за учеството на Израел се води уште од Евровизијата 2024 во Шведска, одржана неколку месеци по нападите на Хамас врз Израел и почетокот на војната во Појасот Газа, кога некои учесници, меѓу нив и холандскиот претставник, јавно протестираа против израелското присуство на сцената.
Свет
Пукање на универзитет во САД, едно лице убиено, шестмина ранети
Најмалку едно лице е убиено, а шестмина се повредени во пукање на Универзитетот Линколн во Пенсилванија, за време на прослава на поранешни студенти, јави Си-Ен-Ен.
Инцидентот се случил синоќа во близина на Меѓународниот културен центар во кампусот, каде по фудбалски натпревар се одржувала забава. Пукањето предизвикало паника меѓу присутните, а неколку лица биле повредени додека се обидувале да побегнат од местото.
Обвинителот на округот Честер, Кристофер де Барена-Саробе, изјави дека моментално се испитуваат околностите, но засега нема индиции дека станува збор за напад со цел масовно насилство. Едно лице со оружје е приведено, а се проверува дали имало повеќе напаѓачи.
Во истрагата учествуваат локалните, државните и федералните власти, меѓу кои и ФБИ, кој побара од јавноста да достави информации за настанот.
Полицијата изрази жалење што трагедијата ја засенила традиционалната прослава на Универзитетот Линколн — првиот историски универзитет во САД што доделува дипломи на Афроамериканци.
Настанот се случил само еден ден по друго пукање, во близина на Универзитетот Хауард во Вашингтон, каде беа ранети пет лица за време на слична прослава.

