Свет
Официјално почна битката за Арктикот, Америка вложи 750 милијарди долари
Американскиот Сенат одобри на Пентагон да му се дадат 750 милијарди долари за изградба на нова стратешка воена база во Арктикот, со цел да се спротивстави на Русија во регионот, пренесува порталот „Хејс“, цитиран од страна на официјални медиумски сервис на руското Министерство за одбрана „Ѕвезда”.
Арктикот е многу интересна локација за многу земји поради стратешката позиција, огромните количини руда и минерали, а не треба да се запостави ниту Северниот Леден Океан, кој претставува еден од најкратките трговски патишта.
Сепак, проценува порталот, нема да биде лесно да се спротивстават на Русија, бидејќи во моментов во САД има само еден мразокршач во функција, додека Русија има десетици.
Токму затоа Вашингтон потроши околу 750 милијарди долари за развој и изградба на нови мразокршачи, но планот е да се создадат уште два такви брода.
Порталот потсетува дека во мај оваа година советник на американскиот претседател за национална безбедност, Џон Болтон, изјави дека е потребно да се завладее Арктикот со цел да се намали влијанието на Русија и Кина во регионот.
Затоа постои опасност, додава порталот, Арктикот да стане главна причина за нови конфликти во 21 век.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел ги напаѓа јужните предградија на Бејрут
Израелски воздушни напади ги погодија јужните предградија на Бејрут, при што е извршено најинтензивното бомбардирање на либанската престолнина откако Израел ја засили својата воена кампања против поддржаното од Иран – либанско шиитско движење Хезболах.
Во текот на ноќта силни експлозии одекнуваа низ различни делови на Бејрут, а небото беше осветлено со црвени и бели светла, како молњи, кои се гледаа од неколку километри.
Израелската армија соопшти дека нејзините воздушни сили извршиле „серија прецизни удари врз складишта за оружје и терористичка инфраструктура на Хезболах во реонот на Бејрут.“
Либанските власти сè уште не соопштија кои објекти биле погодени и какви штети предизвикале ракетите.
Регион
Дете најдено живо по два дена од поплавите во Јабланица под урнатините на семејната куќа
Продолжува борбата на голем број спасувачи за пронаоѓање на живите исчезнати лица по катастрофалната поплава што пред два дена се случи во Јабланица и во околните населени места.
Според официјалните информации, досега животот го загубиле 18 лица, а по голем број се уште се трага.
Сепак се појави и една добра вест, спасувачите пронашле дете под урнатините на неговата семејна куќа. Успеале да го извлечат и итно бил пренесен во болница.
Момчето било пронајдено под плочата тешка два тона која се срушила одозгора.
Европа
Поради планирање на терористички напад обвиненија добија трoјца тинејџери во Германија
Суд во германската провинција Северна Рајна-Вестфалија поднесе обвиненија против тројца тинејџери за планирање на терористички напад, пренесува ДПА.
Осомничените, на возраст од 15 и 16 години, беа уапсени во април за време на велигденските празници. Тие планирале напад во согласност со целите на терористичката група „Исламска држава“.
Обвинителството тврди дека тинејџерите ги разменувале плановите преку апликацијата „Телеграм“ и разговарале за напади во цркви и полициски станици.