Свет
Падна хеликоптер во езеро на Аљаска, загинаа четири лица

Четири лица загинаа кога хеликоптер се урна во езеро во регионот Северен Слоуп, во американската сојузна држава Алјаска, соопштија официјални лица.
Во несреќата нема преживеани, а загинаа пилотот и тројца вработени во Одделот за геолошко-геофизички истражувања кои работеле на терен, соопштија властите.
Според општински претставник, хеликоптерот „Бел 206“ во четвртокот доцна вечерта по локално време бил пријавен за исчезнат, по што тимот за пребарување и спасување пронашол остатоци што одговараат на описот на исчезнатиот хеликоптер, но не било пронајдено тело.
-Хеликоптерот тргнал од најсеверниот град Уткијагвик на Алјаска и требаше да се врати таму, изјави Клинт Џонсон, регионален шеф на Националниот одбор за безбедност на транспортот на Алјаска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Продолжен притворот за 10 осомничени за уривање на настрешницата во Србија

Високиот суд во Нови Сад го продолжи притворот на осомничените во истрагата за уривањето на настрешница на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември за уште 30 дена, соопштија од Вишиот суд во Нови Сад.
Продолжен е и куќниот притвор на сите осомничени.
На крајот на минатата година беше поднесен обвинителен акт против 13 лица.
Свет
Ле Пен осудена на четири години затвор и забрана за кандидирање на претседателските избори

Лидерката на француската крајнодесничарска партија Национален собир (РН), Марин Ле Пен, е осудена на четири години затвор, од кои две ќе бидат условни и парична казна од 100.000 евра, објави Фигаро.
Пресудата ѝ забранува на Ле Пен да учествува на изборите, што автоматски значи забрана за нејзино кандидирање за француски претседател во 2027 година, дури и ако поднесе жалба.
Ле Пен, како и осум други европратеници на РН, беа прогласени за виновни за проневера на јавни средства.
Марин Ле Пен ја напушти судницата веднаш штом судијата прочита дека и е забрането да учествува на избори, без да чека целосно да биде донесена пресудата, пренесоа француските медиуми.
Свет
Марин Ле Пен прогласена за виновна за проневера на средства од ЕУ фондови

Францускиот суд донесе пресуда против лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен и нејзината партија Национален собир (РН), прогласувајќи ја за виновна за злоупотреба на фондовите на Европската унија и забрана за учество на изборите.
Марин Ле Пен беше осудена веднаш да ја забрани нејзината кандидатура. Тоа е најлошото можно сценарио за лидерот на РН, бидејќи казната се применува веднаш.
Ле Пен пред пресудата изјави дека пресудата за вина може да значи нејзина „политичка смрт“. Судот утврди дека Ле Пен и РН неправилно користеле 3 милиони евра (3,25 милиони долари) од средствата на Европскиот парламент наменети за парламентарните асистенти, пишува Дојче веле.
Таа може да добие казна затвор до 10 години и забрана за политика најмалку 5 години. Обвинителството тврдеше дека парите биле искористени за плаќање на партискиот персонал во Франција помеѓу 2004 и 2016 година, што ги прекршило правилата на ЕУ.