Свет
Палестински клерик тврди дека џихадот ќе ја трансформира Франција во муслиманска држава
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/03/25-палестинец.jpg)
Според еден муслимански клерик, муслиманите имаат потреба од држава што ќе им овозможи да ја пренесат пораката за исламот во западниот свет, пренесува „Спутник“.
За да го поддржи своето тврдење дека муслиманската култура би можела да го надвладее, палестинскиот клерик Абу Таки ал-Дин ал-Дари го наведе примерот на Отоманската Империја, која доминирала во голем дел од Југоисточна Европа до 19 век.
Ал-Дари им се обратил на посетителите на џамијата „Ал-Акса“ тврдејќи дека џихадот ќе ја трансформира Франција во исламска држава. Видеото на неговиот говор беше поставено онлајн на средината на март.
„Франција ќе стане исламска земја преку џихадот, целиот свет ќе биде под исламска власт“, нагласува тој.
Ал-Дари исто така го изрази своето мислење за разните ставови за бракот велејќи дека француската и германската младина имаат тенденција да не се одлучат за брак и не се обидуваат да се смират, а муслиманите ги ценат тие единства меѓу двојките. Затоа, тој претпоставува дека до 2050 година Франција ќе биде населена главно од муслимани, а не од Французи.
Коментарите на клерикот доаѓаат кога Европол информира дека џихадизмот е одговорен за најсериозните форми на терористичка активност во ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Путин: Москва мора да започне со производство на ракети со среден и краток дострел
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/putin4.jpg)
Москва мора да започне со производство на ракети со среден и краток дострел за да може да одговори на акциите на Вашингтон, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на оперативниот состанок со членовите на Советот за безбедност на Русија.
„Во 2019 година објавивме дека нема да ги произведуваме овие ракети и дека нема да ги распоредиме додека САД не ги распоредат овие системи во некој регион во светот“, потсети Путин, пренесува РИА Новости.
Денес, како што оцени, се знае дека САД не само што ги произведуваат овие системи, туку и ги пренесуваат во Европа – на воени вежби во Данска.
Свет
„Тешко е да се расправаш со лажго“: се огласи тимот на Бајден
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/07/bajden-tramp.jpg)
Американскиот претседател Џо Бајден не се откажува од трката за реизбор, изјави денеска неговиот претставник од кампањата по дебатата против републиканскиот кандидат Доналд Трамп, од која некои демократи не беа задоволни.
„Се разбира дека нема да се откаже“, рече портпаролот на кампањата на Бајден, Сет Шустер, пренесува „Хил“.
По дебатата и Бајден потврди дека нема да се откаже од трката за нов четиригодишен мандат.
„Тешко е да се расправате со лажго. „Њујорк тајмс“ истакна дека тој лажел 26 пати“, рече тој, мислејќи на поранешниот претседател Трамп.
По настапот во дебатата во четвртокот вечерта со Трамп, Бајден беше широко критикуван од демократите, а некои признаа дека тоа ќе ги поттикне дискусиите за тоа дали претседателот треба да биде сменет пред националната конвенција во август, каде демократите формално ќе го номинираат својот кандидат.
Регион
Земјотрес го погоди Крит
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/zemjotres2.jpg)
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Крит.
Земјотресот бил на длабочина од пет километри, а епицентарот на 73 километри од Ираклион.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.