Свет
Палестинци отвориле оган во Израел, војската одговори со гранати

Израелската војска испали тенковски гранати на пунктот Хамас во појасот Газа, пренесуваат медиумите од Израел.
Како што се наведува во соопштението, се работело за одговор на оганот што претходно го отвориле група терористи кои преминале во Израел, од Газа, во раните утрински часови.
Израелските медиуми потсетуваат дека во саботата на повредите им подлегнале двајца од Палестинците кои беа ранети во масовните демонстрации на границата на појасот Газа и Израел на 14 мај, на денот на отворањето на Амбасадата на САД во Ерусалим, на што Палестинците остро се спротивставуваа. Бројот на загинатите во протестите со тоа порасна на 64 лица, што е најголем број жртви во еден ден во последните години.
Утрово неколку Палестинци пукаа врз израелски автомобили на друга палестинска територија. Никој не е повреден во инцидентот, а во моментов се врши потера по напаѓачите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Велика Британија воведува мерки против поединци кои ја поддржуваат Русија

Британија ќе им забрани влез на поединци кои ја поддржуваат Русија или се збогатиле преку бизнис во земјата, објави денеска британската влада, три години по почетокот на војната во Украина.
Вестминстер додаде дека поединци со пристап до највисоките нивоа на руската влада, вклучително и политичари, владини претставници во Москва и бизнисмени, исто така ќе бидат санкционирани, пренесува Ројтерс.
Во соопштението се нагласува дека целта на новите ограничувања е да се надополнат постојните санкции на Велика Британија против руската „елита“.
Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами претходно изјави дека ќе објави список на мерки како дел од новиот, голем пакет санкции против Русија, пренесоа денеска британските медиуми.
Регион
(Видео) Нови Сад избира градоначалник: најавен е протест, огромен број полициски сили го обезбедуваат градското собрание

Голем број полицајци утринава пристигнаа во градското собрание на Нови Сад каде денеска се одржува седница за избор на нов градоначалник. По тој повод се очекува протест организиран од новосадската опозиција, јавува Нова.рс.
Како што е објавено на официјалната веб-страница на новосадското Собрание, денешната седница започнува во 10 часот. И уште во 6 часот и 30 минути утринава полициски службеници почнаа да го обезбедуваат објектот.
07.05h duga kolona policajaca ulaze #novisad pic.twitter.com/Ksu6Ppwq3b
— zarko bogosavljevic (@zarkobns) February 24, 2025
Според видеата објавени на социјалните мрежи, полицајците стационирани на влезот биле целосно опремени.
Во 7 часот, според видео снимките, полициски автомобили пристигнале пред градското собрание на Нови Сад. Набргу потоа, друга група полицајци пристигна во зградата на парламентот во Нови Сад.
07.15h …nove i nove marice i stigle i ograde ispred Skupštine grada #NoviSad pic.twitter.com/ooG0Xwc3hv
— zarko bogosavljevic (@zarkobns) February 24, 2025
Само 15 минути подоцна, јавува Нова.рс, пристигнале уште минибуси. Како што вчера објави порталот Нова.рс, обезбедувањето и неидентификувани лица со качулки, без обележја, вчера подигале ограда пред градското собрание.
Инаку, здружената новосадска опозиција ги повика граѓаните на протест во 9:30 часот за да го изразат своето незадоволство од обидот на СНС да избере нов градоначалник против волјата на мнозинството граѓани.
Имено, кандидатот за градоначалник на Нови Сад е советник во собранието на Нови Сад од листата на Александар Вучиќ, Жарко Миќин, објави неодамна Градското собрание.
Тој е шеф на кабинетот на премиерот Милош Вучевиќ и еден од неговите најблиски соработници.
Свет
Карабинерите запленија имот во вредност од 300.000 евра на 19 наводни членови на Коза Ностра

Италијанските карабинери утрово изведоа антимафијашка операција во регионите на Калабрија и Сицилија чија цел беа 19 наводни членови на мафијата Коза Ностра.
Карабинерите извршија судска наредба за превентивно одземање на фирми и имот во вредност од 300.000 евра, пренесува Анса.
Наредбата за заплена ја издал истражниот судија на Катанија, по барање на локалното окружно обвинителство.
Сомнението е дека овие лица сториле кривични дела мафијашко здружување, изнуда, трговија со дрога и дилање, како и измама за пренос на имот.