Свет
Папата го заврши патувањето во Мозамбик со критика за корумпираните политичари
Папата Франциск, завршувајќи ја својата посета на Мозамбик, во петокот ги критикува политичките и деловните лидери во сиромашната, но богата со ресурси источноафриканска земја, кои дозволуваат да бидат корумпирани од надворешни лица.
На неговиот последен ден во земјата, Франциск ја посети болницата за заболени од ХИВ-СИДА, управувана од заедницата „Сант Егидио“, а потоа одржа миса за околу 60.000 лица на националниот стадион.
Во болницата, папата зборуваше за сите четири главни теми на патувањето во оваа земја, како и за Мадагаскар и Маурициус – мир, сиромаштија, корупција и заштита на животната средина.
„Мозамбик е земја со изобилство на природно и културно богатство, но сепак парадоксално, голем број на нејзини луѓе живеат под нивото на сиромаштијата“, рече Франциск на стадионот, во област на главниот град каде што многу луѓе живеат во стари, сиромашни куќи со метални покриви.
Според Светската програма за храна на Обединетите нации, 80% од населението во Мозамбик од околу 30 милиони не можат да си дозволат минимални трошоци за соодветна исхрана.
„Понекогаш се чини дека оние што пристапуваат со навидум желба да помогнат имаат други интереси. За жал, ова се случува со браќа и сестри од иста земја, кои си дозволуваат да бидат расипани. Многу е опасно да се мисли дека тоа е цената што треба да се плати за странска помош “, рече папата Франциск.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

