Свет
Папата Лав ќе биде домаќин на познати актери и режисери од Холивуд
Папата Лав XIV го носи Холивуд во Ватикан. Првиот папа од Соединетите Американски Држави, кој беше избран во мај за наследник на папата Франциско, ќе биде домаќин на голем број познати актери и режисери на 15 ноември. На списокот на гости се наоѓаат добитничката на „Оскар“, Кејт Бланшет, ѕвездата од „Северанс“, Адам Скот, легендарниот режисер Спајк Ли, како и Крис Пајн и режисерот на „Лудиот Макс“ ,Џорџ Милер, објави „САД тудеј“.
Меѓу гостите, кои се очекува да се сретнат со папата, се и Алисон Бри и Дејв Франко, ѕвездата од „Господарот на прстените“, Виго Мортенсен, и режисерите Гас ван Сант и Тони Кеј. Ватикан на 10 ноември соопшти дека папата „изразил желба да го продлабочи дијалогот со светот на киното истражувајќи ги можностите што ги нуди уметничката креативност за мисијата на Црквата и промоцијата на човечките вредности“.
Настанот е организиран од Канцеларијата за култура на Ватикан како дел од тековната Света година на Католичката црква. Ретко е папа да биде домаќин на холивудски ѕвезди. Неговиот претходник, папата Франциско, беше домаќин на комичари, меѓу кои Конан О’Брајан, Стивен Колберт, Џими Фалон, Вупи Голдберг и Крис Рок во јуни 2024 година.
Во јуни оваа година Ал Пачино стана првата холивудска ѕвезда што имаше приватна аудиенција со папата Лав. Како дел од најавата за новиот настан Ватикан сподели список на омилените филмови на папата роден во Чикаго: It’s a Wonderful Life (1946), My Songs, My Dreams (1965), Ordinary People (1980) и Life is Beautiful (1997).
Веста доаѓа само неколку дена откога папата Лав се сретна со Роберт де Ниро и неговите деца, Џулијан и Дрена де Ниро, во Ватикан на 7 ноември. „Тој е добар човек. Бев многу, многу среќен што го запознав“, изјави актерот за Си-ен-ен по средбата.
„Мојот внук, кој почина од предозирање пред нешто повеќе од две години, се викаше Лео. Ќерка ми му даде негова фотографија и тоа беше прекрасен, многу посебен момент“, додаде Де Ниро.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

