Свет
Папата преку интернет ќе ја води мисата за Велигден
Со цел 1,3 милијарди католици ширум светот да можат да ги слушнат неговите зборови и покрај коронавирусот, папата Франциско ќе ја прекине вековната традиција и мисата по повод големиот празник Велигден ќе ја одржи преку видео.
Стравот и неизвесноста од болеста од која животот досега го загубија над 100.000 луѓе ширум светот, но чии најтешки последици допрва се очекуваат, ги менуваат општествата и ги трансформираат начините на кои се практикува религијата.
Дури и свечени настани како што се обраќањето на папата до верниците на плоштадот Свети Петар се претворија во онлајн обраќања за време на кои Франциско чита пред камери во изолација на неговата приватна библиотека.
Неговата единствена публика во живо е камерата, а 83-годишниот Аргентинец призна дека се чувствува како затворен во кафез поради целата ситуација.
Папата на Велики петок водеше поворка со факели на темниот и празен плоштад во Ватикан. До 2020 година овој настан се одржуваше пред Римскиот Колосеум пред околу 20.000 верници, придржувајќи се до традиција стара над 50 години.
Но, Рим и остатокот на Италија се ставени во карантин од почетокот на март.
Влезот во Ватикан денес го штити вооружена полиција опремена со заштитни маски и гумени раквици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

