Свет
Папата ја прифати оставката на надбискупот Верл поради сексуалните скандали

Папата Франциско ја прифати оставката од кардиналот Доналд Верл од местото надбискуп на Вашингтон кога тој ја изгуби поддршката од голем број луѓе во својата заедница поради вмешаност во два големи скандала со сексуално малтретирање и забошотување на злосторството, пренесува „Вашингтон пост“. Верл (77), кој беше надбискуп на Питсбург од 1988 до 2006 година, е критикуван поради начинот на кој постапуваше во случаите на сексуално малтретирање.
Во соопштението од Ватикан се наведува дека папата Франциско ја прифати оставката на Верл, но не наведе кој ќе го замени.
Иако Верл е можеби највисокото свештено лице што ја губи позицијата во годината на многубројни сексуални скандали, папата Франциско му овозможи спокоен трансфер на кардиналот поздравувајќи го во едно писмо и овозможувајќи му да остане во надбискупијата во Вашингтон како апостолски администратор додека не се најде замена за него.
Папата не го критикува начинот на кој Верл се справуваше со случаите на сексуална злоупотреба и напиша дека кардиналот има доволно елементи за да ги одбрани своите постапки.
„Сепак, твојата благородност не ти дозволи да прибегнеш кон ваков начин на одбрана. Поради тоа, се гордеам со тебе и ти благодарам,“ напишал папата во писмото до Верл.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Елина Валтонен: Финска ќе биде дел од коалицијата да и пружи помош на Украина

Финска дефинитивно ќе биде дел од секоја коалиција што може да помогне во поддршката на безбедноста на Украина, изјави денеска финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен за британскиот Радио Тајмс.
„Дефинитивно сме дел од коалицијата на подготвените и го разгледуваме збирот ресурси и способности што треба да ги донесеме на маса за да и помогнеме на Украина да ја обезбеди својата безбедност“, рече таа, според Ројтерс.
Како што истакна таа, мора да се обезбеди и остатокот од Европа.
Свет
Брисел: Почестени сме од желбата на Канаѓаните да влезат во ЕУ, но тоа не е остварливо

Брисел е почестен од резултатите од истражувањето кое покажа интерес на Канаѓаните за влез во Европската унија, изјави денеска Пола Пињо, портпарол на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, но нагласи дека идејата не е остварлива.
Истражувањето, спроведено на крајот на февруари од истражувачката компанија „Абакус Дата“, покажа дека 44 отсто од канадските испитаници веруваат дека нивната земја треба да се приклучи на ЕУ, додека само 34 отсто се против идејата, објави Политико.
Прашањето за општа поддршка за пристапување во европскиот блок наиде на одобрување од 46 отсто од испитаниците.
Свет
Поранешен советник на Путин: Русија стравува од едно сценарио во прекинот на огнот

Владимир Путин најверојатно планира да одговори на предлогот за прекин на огнот со свое барање, изјави неговиот поранешен советник Сергеј Марков.
Зборувајќи за SkyNews, Марков рече: „Русија стравува дека периодот на прекин на огнот ќе се искористи за целосна милитаризација на украинското општество од страна на НАТО“.
Поради ова, тврди тој, Путин најверојатно ќе бара ембарго за испорака на оружје на украинската армија од други земји.
Но, кога еден новинар го прашал за можноста за испраќање мировници од европските земји, Марков се насмеал.
„Британските и француските трупи се дел од војната“, рече тој, додавајќи дека мировниците обично се од неутрални земји.
„Сите војници од европските земји би се сметале за окупатори, а руските војници би ги убиле сите бидејќи дошле да ја ослободат Украина.
Тензиите се зголемија кога беше прашан дали Русија ќе ги смета британските мировници за непријатели и учесници во војната.
„Да, затоа што Британија е учесник во војната“, одговори Марков, мислејќи на воената помош што Обединетото Кралство и ја дава на Украина.