Свет
Париз ќе отвори центар за прием на мигранти во историското поранешно Градско собрание
Градската влада на Париз објави дека ќе ја трансформира историската поранешна Градска куќа во првиот арондисман во градот во прифатен центар за азиланти и мигранти, пренесува францускиот радиодифузер БФМТВ.
Градоначалничката на Париз, Ана Идалго, го најави потегот во неделата, велејќи дека хуманитарната мисија што претходно се наоѓала во озлогласената област Порт де ла Шапел ќе биде преместена во центарот на Париз, во близина на светски познатиот музеј Лувр.
„Во поранешното Градско собрание на првиот арондисман ќе го преместиме хуманитарниот центар што е отворен неколку години на Порт де ла Шапел. Париз ќе продолжи да ја игра својата улога како безбедно пристаниште“, рече Идалго.
Според извештајот на БФМТВ, околу 100 до 200 мигранти ќе бидат сместени во новиот приемен објект. Тие ќе имаат пристап до згрижување и санитарни простории за да се искапат, како и да можат да ги поднесат своите барања за азил во објектот.
Овој потег доаѓа во момент кога илјадници мигранти остануваат на улиците на француската престолнина; многумина живеат во импровизирани шаторски градови во различни делови на градот и покрај тоа што повремено беа евакуирани и преселени од локалните власти.
На почетокот на годинава полицијата отстрани 1.436 мигранти од шаторскиот камп на северот на Париз кај Порт д’Обервје и многу од нив ги однесе во 15-те фискултурни сали за сместување на мигранти. Според тогашните извештаи, тоа беше 60-ти пат оваа област да биде евакуирана од екот на мигрантската криза во 2015 година.
Голем број од оние кои живеат на улиците во Парискиот Регион, исто така, тврдат дека се малолетни, а многумина се занимаваат со криминал и се зависници од лекови како што е бензодиазепам.
Француската полиција соопшти дека во 2019 година уапсиле повеќе од 6.300 малолетни мигранти во регионот на Париз и тврдат дека бројот се зголемил во последните три години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.

