Свет
Патниците бараат проѕирни прегради во авионите, не се чувствуваат безбедно
Патниците сакаат проѕирни пластични прегради во авионите за да се чувствуваат безбедно за време на пандемијата на коронавирус и не веруваат безрезервно во тврдењата за висок квалитет на воздухот, предупредуваат челниците на авијацискиот сектор.
Другите трендови може да вклучуваат поголемо растојание помеѓу седиштата во бизнис-класата во авионите со тесен труп, уреди со сензори во тоалети и трајна пренамена на патничките авиони во товарни, заклучено е на панелот на онлајн конференцијата за МРО Азија-Пацифик.
„Ембраер СА“ ја разгледува можноста за инсталирање пластични прегради за повеќекратна употреба и за еднократна употреба во авиони на регионалните летови“, изјави Порт Антунес, шефица за деловен развој во азиско-пацифичкиот оддел на бразилскиот производител на авиони „Лаис“ .
Проблемот е што преградите треба да бидат лесни, отпорни на високи температури и не треба да го пречат при чистењето и евакуацијата на авионите, додаде таа.
„Современите авиони се веќе опремени со одлична технологија за филтрирање на воздухот. Патниците треба да се чувствуваат безбедно во авионот, но треба да се уверат дека нешто се прави”, објасни Порт Антунес.
„Благодарение на преградата меѓу седиштата, патниците може да се чувствуваат побезбедно, особено за време на оброците кога ги симнуваат маските и постои можност за контаминација“, истакна Тан, додавајќи дека неговата компанија веќе има развиено прототип.
Во деловна класа, авиокомпаниите веќе покажуваат поголем интерес за испружени седишта бидејќи планираат да користат авиони со тесен труп на подолги линии“, изјави Кејт Шефер, потпретседателка на одделот за специјални производи и услуги на „Боинг“.
„Патниците од премиум класа се многу заинтересирани за решенија во форма на капсула“, рече Шефер, предвидувајќи голем интерес за вратите и степенесто поставување на седиштата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.

