Свет
Патници 16 часа се смрзнувале во авион што заглавил во Канада
Патници на американскиот авиопревозник „Јунајтед ерлајнс“ на лет од Њуарк, Њу Џерси за Хонг Конг, заглавиле во приземјен авион повеќе од 16 часа, на ледено студено време и со малку храна.
Како што пренесе Си-ен-ен, инцидентот почнал во неделата во 21:31 по локално време кога авионот што полетал од аеродромот во Њуарк, Њу Џерси во 15:03 морал принудно да слета на аеродромот „Гус беј“ во канадската провинција Њуфаундленд поради итен медицински случај во леталото.
Но, откако пациентот бил однесен од аеродромот во болница, за останатите патници почнале вистинските проблеми. Имено, на авионот бил пријавен дефект на вратите за излез, поради што не можел повторно да полета.
Од друга страна, патниците не можеле да излезат од авионот бидејќи аеродромот „Гус беј“, кој се наоѓа во канадска воена база, навечер нема царински службеници кои може да ги процесираат патниците. Така, патниците останале заглавени во текот на ноќта.
Иако во авионот имало вклучено греење додека чекал на пистата, вратата не можела да се затвори, а надворешната температура паднала на -20 степени Целзиусови.
Еден од патниците во авионот во живо на „Твитер“ почнал да известува за ситуацијата во која се наоѓаат, молејќи ја компанијата „Јунајтед ерлајнс“ за помош, предупредувајќи дека патниците се смрзнуваат, а храна снемува.
United #UA179 Newark to Hong Kong diverted to Goose Bay for a passenger medical emergency last night. Once on the ground a door broke. Not able to depart. After ~15 hours on the plane, passengers now transferring to rescue flight which will take them back to Newark. pic.twitter.com/E6dVFr43yZ
— Tom Podolec Aviation (@TomPodolec) January 20, 2019
Персоналот на „Гус беј“ наутро на патниците им донел кафе и крофни, а „Јунајтед ерлајнс“ објави дека екипажот прави сè што е можно за да им помогне на клиентите.
Конечно, по повеќе од 16 часа, на патниците им било дозволено да го напуштат авионот и се качиле во друг, но не за Хонг Конг, туку се вратиле назад во Њу Џерси, јави каналот Си-би-ес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.

