Свет
Патнички авион летал 14 часа над океанот со огромна дупка на трупот
Патнички авион на „Емирати“ летал од Дубаи речиси 14 часа со огромна дупка на трупот пред да слета во Бризбејн, Австралија.
Авионот полетал од аеродромот во Дубаи во петокот, а патниците пријавиле силен тресок кај се слушнал додека авионот летал над океанот на пат кон Австралија.
„Ербас А380 на Emirates слета во Бризбејн со дупка на трупот. Се верува дека е предизвикана од експлозија на гума при полетување од Дубаи. И покрај штетата, пилотите одлучија да го продолжат летот за Бризбејн“, напиша твитер-корисник.
„Дејли мејл“ пишува дека компанијата „Емирати“ одлучила да го продолжи летот кој траел речиси 14 часа. Непосредно пред слетувањето, тие ја контактирале контролата на летање во пристаништето Бризбејн и пријавиле дека постои можност да им пукнала гума при полетувањето.
Летачкиот екипаж побарал да го пречекаат службите за итни случаи при слетувањето, пишува Aviation Herald. Очевидци велат дека работниците на итната помош биле шокирани од големината на дупката во трупот. На носот на авионот бил пронајден откачен шраф.
Засега не се знае дали завртката и дупката на авионот се поврзани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала во Јадранското Море
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Хрватска во 21:48 часот вчера вечер.
Епицентарот бил на длабочина од 15 километри во Јадранското Море јужно од Корчула, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Во вторникот, земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во близина на Ливно. Беше почувствуван и во Далмација.
Свет
(Видео) Лавина во Калифорнија: Осум скијачи загинаа, еден е исчезнат
Осум скијачи загинаа, а еден е исчезнат во лавина во планините Сиера Невада во Калифорнија, соопштија властите во среда, во една од најсмртоносните вакви несреќи во историјата на САД. Спасувачите извлекоа шест преживеани по снежната бура што фрли неколку метри нов снег во Сиера во последните денови.
Лавината се случи во 11:30 часот наутро во близина на Касл Пик во Траки, Калифорнија, 15 километри северно од езерото Тахо, и затрупа група скијачи.
Преживеаните се засолниле под церади и комуницирале со спасувачите преку радио и СМС-пораки. Скијачите завршувале тридневно патување со водич. Во групата имало 11 од нив и тие престојувале во колиби на надморска височина од 2300 метри.
Сиера Невада добива повеќе од 9 метри снег во типична зима, што ја прави едно од најснежните места на западната хемисфера. Во текот на изминатите десет години, лавините во САД убиле просечно 27 луѓе годишно, според Центарот за лавини во Колорадо.
Свет
Десетина демократи ќе го бојкотираат говорот на Трамп за состојбата на нацијата
Група демократски сенатори и пратеници најавија дека нема да присуствуваат на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп за состојбата на нацијата, туку ќе организираат собир на отворено како протест против неговата политика.
Настанот под наслов „Народен говор за состојбата на нацијата“ ќе се одржи во близина на Капитол, непосредно пред обраќањето на Трамп. Меѓу најавените учесници се сенаторите Џеф Меркли, Крис Марфи и Крис Ван Холeн, како и неколку пратеници од Претставничкиот дом.
Од Белата куќа реагираа дека не е изненадување што демократите одбиваат да ги поддржат политиките на републиканците, вклучително и иницијативите за даноци и депортација на имигранти.
Демократите тврдат дека Трамп го користи говорот како политичка платформа наместо како момент за обединување на нацијата. Дел од нив ќе присуствуваат во Конгресот, но планираат да изразат незадоволство на други начини.
Годишниот говор за состојбата на нацијата првпат го одржал Џорџ Вашингтон во 1790 година, а со текот на времето се претворил во значаен политички настан.

