Свет
Пациентка со коронавирус избега од московската болница, лекарите бесни поради несовесното однесување
Се чини дека некои Русите навистина не сакаат да бидат ставени во карантин поради Ковид-19. По популарното бегство од болницата во Санкт Петербург минатиот месец, една московска пациентка решила да го следи примерот, пренесува РТ.
„Очигледно незагрижена дали ќе зарази некој друг во главниот град, една жена за која се верува дека има коронавирус избегала од медицинска установа“, вели Денис Проценко, главен лекар во московската болница „Комунарка“.
„Морам да се справувам со несовесното однесување на хоспитализирани пациенти, кои не ги разбираат ситуацијата и опасноста од ширење на Ковид-19 во градот“, рече тој.
Проценко исто така ги замоли жителите на Москва да покажат граѓанска свест.
„Најлошо е што од моментот на неовластено заминување до нивното откривање од страна на полицијата ваквите пациенти претставуваат биолошка закана за ширење на вирусот. Уште еднаш ги повикувам нашите пациенти да бидат опуштени и посвесни и ние ќе продолжиме да работиме за вас“.
Според извештаите на медиумите, жената на крајот била вратена на лекување. Полициски извор за московскиот весник РБЦ изјави дека полицијата ја пронашла пациентката во својот стан во западниот дел од Москва.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите
Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време на парламентарната седница емитувана во живо на државната телевизија, претседателот на парламентот, Мохамед Багер Галибаф, предупреди дека американската војска и Израел ќе бидат „легитимни цели“ доколку САД ја нападне Исламската Република, како што се закани претседателот Доналд Трамп.
Галибаф, тврдокорен припадник кој во минатото се кандидираше за претседател, одржа говор во кој им аплаудираше на полицијата и на иранската паравоена Револуционерна гарда, за тоа што „стоеја цврсто“ за време на протестите.
„Народот на Иран треба да знае дека ќе се справиме со демонстрантите на најстрог начин и ќе ги казниме оние што се уапсени“, рече тој.
Тој продолжи директно да им се заканува на Израел, кој го нарече „окупирана територија“, и на американската војска, евентуално со превентивен напад.
„Во случај на напад врз Иран, и окупираната територија и сите американски воени центри, бази и бродови во регионот ќе бидат наши легитимни цели. Ние не сметаме дека сме ограничени само на реакција по акцијата и ќе дејствуваме врз основа на какви било објективни знаци на закана“, рече Галибаф.
Парламентарната седница, на која пратениците се упатија кон подиумот, извикувајќи: „Смрт за Америка“, се одржа откако американскиот новински веб-сајт „Аксиос“ објави дека американскиот државен секретар Марко Рубио разговарал со израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, за Газа, Сирија и протестите во Иран.
Иако американските и израелските претставници го потврдија телефонскиот повик, детали за темите не беа откриени.
Антирежимските протести продолжија во неколку ирански градови, а бројот на жртви во протестите се искачи на повеќе од 116.
Во меѓувреме, исклучувањето на интернетот во Иран останува на сила и трае повеќе од 60 часа.
Свет
Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“
Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет и мобилните мрежи, јавуваат медиумите.
На новите протести, кои започнаа доцна синоќа во северниот дел на Техеран, демонстрантите извикувале: „Смрт за ајатолахот Али Хамнеи“ и „Да живее шахот“, а запалиле и една џамија.
Според американската организација „Активисти за човекови права“, утрово повеќе од 570 протести се одржале во сите 31 ирански провинции.
Здравствените работници во три болници во Иран велат дека нивните болници се преплавени со повредени и мртви од големите антивладини протести, објави Би-Би-Си. Според проценките на организациите за човекови права, најмалку 116 лица биле убиени во последните две недели.
Доктор во болница во Техеран опишал „ужасни сцени“, наведувајќи дека имало толку многу повредени што персоналот немал време да се справи со нив:
„Околу 38 луѓе починаа. Многумина дури и не стигнаа до болница. Бројот беше толку голем што немаше доволно место во мртовечницата. Телата беа едно врз друго. Откако мртовечницата се наполни, тие беа наредени едно врз друго во просторијата за молитва“, изјавил тој.
Според здравствениот работник, меѓу загинатите и повредените биле најмногу млади луѓе, на возраст од 20 до 25 години, а болниците морале да ги одложат сите неитни приеми и операции, за да можат да се грижат само за повредените од протестите.
Иранската полиција тврди дека никој не загинал во Техеран во петокот навечер, иако 26 згради биле запалени и предизвикале голема материјална штета.
Државната телевизија на Иран известува за жртви меѓу припадниците на безбедносните сили, додека демонстрантите сѐ почесто ги нарекува „терористи“.
САД повторија дека убиството на демонстранти може да предизвика воена интервенција, а Иран ги обвинува САД дека мирните протести ги претвориле во „насилни субверзивни акции и вандализам“.
Протестите започнаа на 28 декември поради падот на иранската валута и економските тешкотии.
Свет
„Добро сме, ние сме борци“ – порачал Мадуро од затворот во САД
Николас Мадуро Гера, син на уапсениот венецуелански претседател Николас Мадуро, изјави дека неговиот татко од затворската ќелија во САД порачал дека тој и неговата сопруга Силија Флорес се „добро“ и дека се „борци“.
„Добро сме. Ние сме борци. Не бидете тажни“, пренел Николас Мадуро Гера на видео-снимка објавена од владејачката Обединета социјалистичка партија на Венецуела, наведувајќи дека тоа му го пренеле адвокатите на Мадуро, објави „Фигаро“.
Двајцата беа уапсени на 3 јануари во воена операција на американските специјални сили и се наоѓаат во притворска единица во Њујорк. На судењето што започна на 5 јануари, двајцата се изјаснија дека не се виновни по обвиненијата за учество во нелегална трговија со дрога и оружје.
Времената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, порача дека „не ќе се смири додека не го вратат претседателот“ и дека ќе го „спаси“.
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека го „откажал“ новиот напад врз Венецуела поради „соработката“ на Каракас, додека Вашингтон најави дека ќе „диктира“ одлуки, а Венецуела возврати дека не е „подредена ниту покорна“ на САД.
Американскиот Стејт департмент ги повика граѓаните на САД да не патуваат во Венецуела и оние што веќе се таму да ја „напуштат земјата“ поради нестабилната безбедносна ситуација и присуството на вооружени милиции, познати како „колективос“.

