Свет
Пекинг најави санкции за американските производители на оружје поради договорот со Тајван
Кина најави дека ќе воведе санкции против најголемите американски производители на оружје поради масовната продажба на нивните производи на Тајван. Пентагон го одобри договорот минатата недела, со што го разбесни Пекинг, пренесува РТ.
САД планираат да му испорачаат три вооружени системи во вредност од речиси 1,8 милијарда долари на Тајван. Тие вклучуваат ракетни фрлачи на камиони произведени од „Локид Мартин, ракети од голем дострел „воздух-земја“ – „боинг АГМ-84Х“ и надворешни подни сензори за авиони „Ф-16“, кои се произведени од подружница на „Рејтеон технолоџис“, според официјалните известувања добиени од Конгресот на САД.
„Трите американски гиганти за одбрана ќе бидат санкционирани од кинеската влада ако договорот се реализира“, рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лиџијан, на прес-конференција денеска.
Кина се спротивставува на каква било продажба на оружје на Тајван за кој смета дека е под нејзин суверенитет велејќи дека овие достави го дестабилизираат регионалниот баланс на силите.
Додека ги зголемува тензиите со Кина, администрацијата на Трамп ја интензивира дипломатската и трговската соработка со Тајван испраќајќи високи функционери да го посетат островот и да нудат профитабилни договори за трговија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

