Свет
Пелоси нареди отстранување на портретите на конфедеративните спикери од Капитол

Портретите на четворица конфедеративни спикери на Претставничкиот дом кои служеле во времето на Конфедерацијата, биле отстранети од салите на американскиот Капитол по наредба на претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот, Нанси Пелоси, пренесува „Њујорк пост“.
Пелоси наредила да се отстранат сликите за да се одбележи Џунтинт (Juneteenth), неофицијален празник кој секоја година се одбележува на 19 јуни како официјален крај на ропството во САД.
„Салите на Конгресот се срцето на нашата демократија“, рече Пелоси. „Нема место во светите сали на Конгресот или на кое било место за оддавање почит на луѓето кои го отелотворувале насилниот фанатизам и гротескниот расизам на Конфедерацијата“.
Уметничките дела ги прикажуваат Роберт Хантер од Вирџинија, кој беше спикер од 1839 до 1841 година; Хауел Коб од Џорџија (1849 до 1851); Џејмс Ор од Јужна Каролина (1857 до 1859) и Чарлс Крип од Џорџија, кој беше спикер по Граѓанската војна, од 1891 до 1895 година.
Портретите се изложени во лобито на спикерите и низ делот на Претставничкиот дом кој е затворен за јавноста. На прашањето за отстранување на портретите, малцинскиот лидер на Претставничкиот дом, Кевин Мекарти, рече: „Спикерот има моќ да го стори тоа“.
Пелоси, исто така, побара од Капитол да бидат отстранети десетина статуи на луѓето што служеле во Конфедерацијата иако таа нема надлежност да ги отстрани.
Ова доаѓа откако спомениците и симболите на Конфедерацијата во повеќе држави беа отстранети по налог или вандализирани за време на протестите предизвикани од убиството на Џорџ Флојд на 25 мај во рацете на полицијата во Минеаполис.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лавров: Палестинското прашање и понатаму останува нерешено

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план за Газа на Доналд Трамп не го решава целосно израелско-палестинскиот конфликт, пренесе RT.
Тој нагласи дека Русија го оценува планот како „најдобро што моментално е на преговарачката маса“, но додаде дека „палестинското прашање со тоа не е решено“.
Лавров порача дека конечно решение би било можно само со создавање на палестинска држава во границите од 1967 година, во согласност со резолуциите на ОН, и повтори дека Москва останува посветена на решението со две држави.
Свет
Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е сигурен дека ќе може да влезе во рајот, но додаде дека на многумина им го направил животот подобар.
Изјавата ја даде во претседателскиот авион Air Force One. За време на летот, еден од новинарите што го придружуваа 79-годишниот претседател го праша за неговите претходни коментари кои ги дал во контекст на преговорите за мировниот договор во војната меѓу Русија и Украина.
Трамп уште во август, во емисијата „Fox and Friends“, изјави: „Ако можам да спасам 7.000 луѓе неделно, мислам дека тоа е прилично добро – сакам да се обидам да влезам во рајот, ако е можно. Слушам дека не ми оди добро. Навистина сум на дното на листата. Но ако успеам да влезам во рајот, ова ќе биде една од причините“
На прашањето дали неговите шанси се подобриле по договорот меѓу Израел и Хамас, Трамп сега одговори: „Малку се шегувам. Мислам дека ништо нема да ме одведе во рајот. Можеби не сум предодреден за тоа. Можеби сум во рајот токму сега, додека летаме со Air Force One,“ рече Трамп.
Тој повторно ја обвини администрацијата на Џо Бајден за неспособност и додаде дека војната во Украина никогаш немаше да се случи доколку изборите во 2020 година не биле наместени.
Свет
Египетскиот претседател до Израелците: Претворете го овој историски момент во нов почеток

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси ги повика Израелците моментот на потпишување на мировниот договор за Газа да го претворат во нов почеток за поправеден и помирен живот во регионот.
„Погледнете кон подобра иднина за нашите деца,“ рече Сиси по потпишувањето на договорот во Шарм ел-Шеик.
На самитот присуствуваа Доналд Трамп и бројни меѓународни претставници. Обраќајќи му се на Трамп, Сиси додаде: „Господине претседателе, нека војната во Газа биде последната војна на Блискиот Исток.“