Свет
Пентагон: Националната гарда ќе го чува Капитол уште два месеца
Пентагон го одобри барањето за задржување на околу 2.300 војници на Националната гарда во Вашингтон, што е околу половина од моментално распоредените сили, за да помогне во заштитата на американскиот Капитол во следните два месеца, пренесува „Ројтерс“.
Агенцијата наведува дека Пентагон најавил дека во текот на следните два месеца ќе соработува со полицијата во Капитол, која го доставила барањето со цел да се продолжи понатамошното намалување на присуството на војници до степен до кој тоа го дозволуваат условите.
Во извештајот на Пентагон објавен во понеделникот се препорачува употреба на подвижна ограда за заштита на Капитол и се препорачува формирање на сили за брза реакција во Вашингтон, додека полицијата во Капитол е оценета како слабо подготвена за можен напад врз таа институција.
Некои службеници на Министерството за одбрана на САД, под услов да бидат анонимни, за „Ројтерс“ изјавија дека не знаат за такви разузнавачки информации за кои е потребно дополнително големо воено присуство околу Капитол.
Агенцијата наведува дека од јануарскиот напад на приврзаниците на тогашниот претседател Доналд Трамп на седиштето на американскиот Конгрес, трупите на Националната гарда се испратени на терен и дека се поставени високи огради со цел проширување на обем на безбедност.
Федералното обвинителство на САД обвини повеќе од 300 лица за вмешаност во нападот на 6 јануари, што доведе до пет смртни случаи, вклучително и смрт на еден полицаец, пренесува „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

