Свет
Пентагон ја паузира соработката со тимот на Бајден

Американскиот вршител на должност министер за одбрана, Крис Милер, му нареди на Пентагон периодов да ja прекине соработката со тимот на новоизбраниот претседател Џо Бајден.
Висок службеник на Министерството за одбрана за „Аксиос“ изјави дека станува збор за едноставно одложување на последните неколку закажани состаноци по Нова година“.
Засега не се познати мотивите на постапката на Милер.
Се очекува соработката да биде обновена по празниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Осудениот италијански кардинал се повлече од изборот за нов папа

Италијанскиот кардинал осуден за проневера и измама денеска изјави дека нема да учествува на конклавата за избор на нов папа.
Италијанскиот кардинал Анџело Бечиу, највисокиот функционер на Католичката црква што некогаш бил суден пред кривичниот суд на Ватикан, во изјавата рече дека нема да влезе во конклавата.
Бечиу беше осуден на 5 и пол години затвор од судот во Ватикан во декември 2023 година. Тој негира сè и е на слобода до крајот на жалбената постапка.
„Имајќи јс предвид благосостојбата на Црквата… решив да ја послушам, како и секогаш, волјата на папата Франциско и да не влегувам во конклавата, сепак останувајќи убеден во мојата невиност“, рече кардиналот.
Франциско, кој почина на 21 април, го отпушти Бечиу од највисокото место во Ватикан во 2020 година и го обвини за проневера.
Папата му дозволи на Бечиу да ги задржи својата црковна титула и станот во Ватикан, но му ги одзеде, како што тогаш Ватикан ги нарече, „правата поврзани со кардиналот“.
Формулацијата на таа изјава остави отворени прашања за тоа дали Бечиу сè уште може да влезе во конклавата за да го избере наследникот на Франциско.
Претходно беше познато дека католичките кардинали во светот, кои се состануваат оваа недела за да разговараат за општите прашања со кои се соочува глобалната црква пред да гласаат за нов папа, дебатираа што да прават во врска со случајот на Бечиу.
Свет
Зеленски: Путин сака примирје само за време на неговата парада

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека светот не сака да чека до 8 мај за најавеното примирје на рускиот претседател Владимир Путин да трае само неколку дена и повика прекинот на огнот да трае најмалку 30 дена.
„Од некоја причина сите треба да почекаат до 8 мај и дури тогаш да постигнат прекин на огнот за да се обезбеди мир за Путин за време на парадата“, рече Зеленски во видеообраќање објавено синоќа.
Рускиот претседател Владимир Путин објави тридневно примирје во војната со Украина, што ќе стапи во сила следниот месец по повод 80-годишнината од победата на Советскиот Сојуз и неговите сојузници во Втората светска војна.
„Ние ги цениме човечките животи, а не парадите. Примирјето не треба да трае неколку дена само за да продолжи убивањето потоа“, додаде украинскиот претседател коментирајќи ја најавата на Путин за ограничено примирје.
Зеленски повика на целосен и безусловен прекин на огнот од најмалку 30 дена за да се обезбеди основа за вистинска дипломатија.
Свет
Победа на либералите во Канада

Канадската Либерална партија, предводена од премиерот Марк Карни, е на добар пат да победи на федералните избори, велат канадските медиуми, по кампањата обележана со провокации и царини од страна на американскиот претседател Доналд Трамп. Гласовите сè уште се пребројуваат, а филијалите на CNN, CTV и CBC, предвидуваат дека либералите ќе освојат доволно места за да формираат нова влада.
Со оглед на тоа што гласовите сè уште се пребројуваат, CBC News вели дека е прерано да се каже дали новата влада ќе биде мнозинска или малцинска влада – за мнозинска влада се потребни 172 места.
Марк Карни, новиот канадски премиер и лидер на Либералната партија, им се обрати на своите поддржувачи по неговата изборна победа. Енергичен и решителен, тој го започна својот говор прашувајќи: „А кој е подготвен да изгради силна Канада?“, што беше проследено со ентузијастичен аплауз.
„Влегов во политиката затоа што чувствував дека на Канада ѝ се потребни големи промени“, објасни Карни, наведувајќи дека тие промени ќе бидат водени од канадските вредности што ги научил на семејната маса и на хокеарскиот мраз. Тој ги нагласи понизноста, амбицијата и единството како клучни вредности на неговата идна влада.
За Карни, понизноста е соработка со сите политички партии, провинции и домородни народи, но и подготовка за тешки предизвици.
„Америка ја сака нашата земја, нашите ресурси, нашата иднина“, предупреди тој, на што публиката спонтано одговори со извици „никогаш“.
„Претседателот Трамп се обидува да нè скрши за Америка да може да владее над нас. Тоа никогаш, ама баш никогаш нема да се случи“, рече тој цврсто, додавајќи дека Канада е на „историска пресвртница“ бидејќи „стариот интеграциски однос со САД е завршен“.