Свет
Песков: Не знаеме ништо за тоа дека Зеленски предлага глобален мировен самит

Кремљ не слушнал за иницијативата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за одржување на глобален мировен самит, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Ние не знаеме ништо за таква иницијатива, всушност не знаеме ништо за украинскиот претседател Зеленски кој работи за мир“, рече Песков, а пренесе ТАСС.
Зеленски минатата недела разговараше со американскиот претседател Џозеф Бајден, како и со лидерите на Турција и Франција, Реџеп Таип Ердоган и Емануел Макрон, објави Ројтерс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Додик: РС останува цврсто на своите позиции, Србија ја дава целосната поддршка

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, повтори дека РС останува цврсто посветена на своите позиции и не планира да се откаже од нив.
Во објавата на социјалната мрежа Икс, тој нагласи дека РС е целосно посветена на мирот и стабилноста, а истовремено ќе продолжи да ги застапува своите ставови во рамки на политичкиот систем и почитувањето на Дејтонскиот мировен договор.
„РС не може и нема да се откаже од своите позиции. Ние постојано го повторуваме тоа, бидејќи ниту една наша акција нема да биде насочена кон нарушување на мирот“, изјави Додик, нагласувајќи дека користењето на политички средства е природно право на РС.
Додик исто така потврди дека имал состаноци со српскиот претседател Александар Вучиќ и српскиот премиер во оставка, Милош Вучевиќ, кои изразиле силна поддршка за Република Српска. Според него, Србија останува силно заложена за поддршка на РС и нејзините позиции.
Регион
Почина 5-годишно дете по пад од 4-ти кат од зграда во Сараево

И покрај напорите на лекарите, во Клиничкиот центар во Сараево вчера попладнево е констатирана смрт на детето (5) кое паднало од балкон на четврти кат од зграда.
Несреќата се случила на улицата Ступска, потврди портпаролката на МВР на кантонот Сараево, Мерсиха Новалиќ.
Истрагата на лице место ја водеше обвинителот на Кантоналното обвинителство на Кантонот Сараево, а ја спроведуваа полициски службеници на Полициската управа на Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево.
Инаку вчера во 17.20 часот детето падна од балкон на четврти кат од зградата и итно беше хоспитализирано во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево.
Според првичните информации, истрагата треба да утврди како се случил овој трагичен настан.
Регион
Вучиќ: Опозицијата подготвува големо насилство, но да знаат дека ќе има апсења

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека очекува опозицијата да „организира големо насилство“ на собирот во Белград во сабота и дека „сите што ќе учествуваат во тоа ќе бидат уапсени“, и наведе дека апсењето на сторителите „ќе трае 15 минути, час или два, бидејќи државата ќе знае да се однесува како држава и тука нема никаква филозофија“.
„Знаат дека крајниот рок им е сабота и тоа го покачија на ден Д. Ќе повикаме на мир, но јас ги познавам одлично“, рече Вучиќ за време на посетата на манастирот Архангел Гаврил во селото Кусадак, на почетокот на обиколката на Јужнобанатскиот и Подунавскиот округ.
Како што пренсе Бета, тој рече дека верува оти студентите во блокада се „попаметни од овие несреќни опозиционери и знаат дека ова не смее да биде Ден Д“ и дека не треба да учествуваат во тоа, а подоцна да продолжат со своите акции додека не се исполнат нивните барања и да останат запаметени како победници, наместо по насилство.
Вучиќ нагласи дека „нема ништо од обоената револуција“ и дека книгата, како успеал да ја победи, ќе ја заврши во текот на летото бидејќи веќе ја има направено корицата и неколку страници, наведувајќи дека тоа ќе биде „форма на учебник без романтизам за да им служи на слободољубивите народи во светот“.
Зборувајќи за студентите кои сакаат да учат, рече дека 820 од нив ноќеска спиеле во шатори, што е голема бројка кога се спие на отворено, додека во текот на денот ги има уште повеќе, а тој број, рече, секојдневно се зголемува.
Коментирајќи го телевизиското покривање на протестите, тој ги повика граѓаните да не и веруваат ништо на Радио телевизија Србија, бидејќи, како што наведе, „речиси и нема разлика меѓу нив и Н1“.