Свет
Песков побара воздржаност од САД и Иран

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, побара од сите страни да покажат воздржаност и додаде дека московскиот официјален претставник е загрижен поради зголемените тензии меѓу САД и Иран.
Претходно, денеска, Русија ги обвини САД за намерно предизвикување опасни тензии со Иран и доведување на ситуацијата на работ на војна.
Заменик-министерот за надворешни работи, Сергеј Рјабков, го повика Вашингтон да ги разгледа можните последици од евентуален конфликт со Иран, објави „Ројтерс“.
Коментирајќи ја статијата во весникот „Њујорк тајмс“ дека американскиот претседател Доналд Трамп го одобри нападот врз Иран пред да ја повлече наредбата, Рјабков вели дека ова покажува оти ситуацијата е исклучително опасна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Втората група заложници на пат кон Израел

Според израелските медиуми, втората група од 13 заложници е предадена на Црвениот крст во јужниот дел на Појасот Газа и моментално е на пат кон Израел.
Претходно беше ослободена првата група од 7 заложници.
Се очекува телата на 26-те мртви заложници и уште двајца чија судбина е непозната да бидат предадени денес.
Свет
Каја Калас: Обезбедувањето мир во Газа ќе биде исклучително комплексно, ЕУ ја продолжува мисијата

Европската унија ќе продолжи со својата набљудувачка мисија на граничниот премин меѓу Газа и Египет, изјави денес шефицата на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас.
„Обезбедувањето мир во Газа ќе биде исклучително комплексно“, рече Калас во објава на социјалната мрежа X.
„ЕУ е подготвена да ја одигра својата улога. Задутре ќе ја рестартира цивилната набљудувачка мисија на граничниот премин меѓу Газа и Египет“, рече таа.
Калас го поздрави ослободувањето на седумте израелски заложници што Хамас ги ослободи денес, нагласувајќи ја улогата на американскиот претседател Доналд Трамп во овој „клучен чекор кон мирот“.
„Ослободувањето на заложниците е голем дипломатски успех и клучен чекор кон мирот. Претседателот Трамп го овозможи овој напредок“, рече таа на X.
Свет
Израелската војска ги објави првите фотографии од ослободените заложници во Газа

Израелските одбранбени сили (ИДФ) утрово ги објавија првите фотографии од заложниците ослободени од Хамас, кои подоцна беа предадени на израелската војска.
На фотографиите е и Алон Охел, како и близнаците Гали и Зив Берман како се прегрнуваат по нивното ослободување.
Фотографиите, исто така, ги прикажуваат Гали Берман и Гај Гилбоа-Далал како се среќаваат со израелски војници во Газа утрово.
По прекинот на огнот во Газа, Хамас денес ги ослободува израелските заложници што ги држеше повеќе од две години.
Хамас треба да ослободи 48 заложници, од кои се верува дека 20 се живи, до пладне. За возврат, Израел ќе ослободи 250 палестински затвореници и повеќе од 1.700 лица уапсени во Газа.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, прогласи дека „војната е завршена“ додека патува на Блискиот Исток. Трамп ќе се обрати пред израелскиот парламент, а потоа ќе отпатува во египетското одморалиште Шарм ел Шеик, каде што ќе предводи мировен самит на кој ќе присуствуваат најмалку 20 светски лидери.