Свет
Петмина полицајци пронајдени мртви во западно Мексико

Мртвите тела на петмина полицајци биле пронајдени во автомобил во мексиканската општина Зитакуаро, во западниот дел на државата Мичоакан, пренесуваат локалните медиуми.
Полицајците што биле на служба во општината Тузанта во Мичоакан биле киднапирани на 4 февруари од страна на неидентификувани лица. Оттогаш се регистрирани како исчезнати.
Обвинителите утврдиле дека полицајците починале бидејќи повеќекратно биле застрелани, пренесува „Екселсиор“. Во близина на нивните тела е пронајдено писмо, но неговата содржина не е објавена.
Два големи криминални синдиката – Ла фамилија Мичоакана и картелот Витези Темплари оперираат во регионот на Мичоакан, кој долго време страда од криминалот поврзан со дрога. Синдикатите, заедно со другите картели, се вклучени во жестока борба за влијание.
Војната против криминалот во Мексико, без преседан во својот интензитет, почна во 2006 година во времето на тогашниот претседател Фелипе Калдерон, кој ги повика единиците на армијата за операции против наркомафијата, ја реформира мексиканската федерална полиција и објави лов на најозлогласените лидери во мексиканскиот криминален свет.
Наследникот на Калдерон, Енрике Пења Нието, ја продолжи политиката на својот претходник. Под негово раководство полицијата уби или уапси голем број познати наркобосови вклучувајќи го и шефот на картелот Синалоа, Хоакин Гузман Лоерс, попознат како Ел Чапо.
Актуелниот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор во јануари рече дека Мексико ја прекинало војната против наркомафијата во земјата истакнувајќи дека владата се концентрира на јавната безбедност и на намалување на бројот на убиства, кражби и киднапирања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Во сообраќајка загина поранешен хрватски фудбалски репрезентативец и играч на фудбалскиот клуб Динамо

Во тешка сообраќајна несреќа, што се случи во Карловац, загинаа 2 лица, меѓу кои и поранешниот хрватски фудбалски репрезентативец и играч на фудбалскиот клуб Динамо, Никола Покривач, јавуваат хрватските медиуми.
Полицијата во краткото соопштение наведува дека несреќата се случила на обиколницата Турањ и дека во неа учествувале 4 патнички возила.
Три лица се пренесени на лекување во медицинска установа.
Свет
Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници

Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници, а посредник во договорот повторно се Обединетите Арапски Емирати, соопштил извор запознаен со преговорите.
Ќе бидат разменети вкупно 492 војници – 246 од двете страни, како и уште 46 ранети украински војници.
За време на војната Русија и Украина со посредство на ОАЕ веќе разменија вкупно 3.233 воени заробеници
Свет
„Вие сте глупави луѓе“: Трамп за Путин и Зеленски доколку ги отфрлат преговорите за прекин на огнот

Американскиот претседател Доналд Трамп ги потврди зборовите на американскиот државен секретар Марко Рубио во врска со повлекувањето од преговорите доколку руската и украинската страна не постигнат договор наскоро.
Трамп понуди помек пристап, велејќи дека Рубио бил „во право“, но во исто време покажа поголем оптимизам во врска со изгледите за постигнување договор.
На прашањето за временската рамка во која САД би можеле да се повлечат, Трамп одговори:
– Нема конкретен број на денови, но сакаме брзо да го завршиме. Ако, поради некоја причина, една од двете страни го отежни тоа многу, ние само ќе кажеме: „Вие сте глупави, вие сте глупави. Вие сте ужасни луѓе“ и едноставно ќе се откажеме. Но се надевам дека нема да мораме“, продолжи тој.
Трамп не сакаше да каже дали е подготвен целосно да ги напушти преговорите или дали ќе продолжи воено да ја поддржува Украина доколку преговорите не успеат.
На прашањето каков напредок би требало да види за да ги продолжи преговорите, Трамп рече дека „ќе мора да види ентузијазам за заклучок“ од двете страни, предвидувајќи дека ќе знае „наскоро“.
– Мислам дека имаме навистина добри шанси да го постигнеме тоа. „Сега сè завршува“, рече тој.
Претходно американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека ако не е можно да се стави крај на војната во Украина, Соединетите Американски Држави треба да се откажат од своите напори и да продолжат понатаму, според написите во светските медиуми.