Забава
Петте најдобри серии на „Нетфликс“ во моментов
Се чини како секојдневно да се будиме со нови оригинални серии на „Нетфликс“. Сепак, колку од нив се навистина одлични, а колку, пак, се на платформата само за да пополнат место?
Поради овие причини, направивме една листа со најдоброто од „Нетфликс“.
Chilling Adventures of Sabrina

Оваа серија е еден вид на „спиноф“ од хит-серијата Riverdale, а мрачниот и досетлив хумор додава хорор елементи и феноменална шеговитост. Ѕвездата на серијата, Кирнан Шипка, со својата изведба и харизма ги освои филмските критичари. Серијалот е прецизно испланиран, а настаните се развиваат постојано низ целата сезона, без избрзување.
The Crown

Со само две сезони на Нетфликс, оваа серија веќе влегува во категоријата на најпопуларни и највисоко рангирани серии. Серијалот ја обработува приказната за животот на кралицата Елизабета II, од времето кога таа била принцеза, нејзината свадба во 1947, па се до сегашноста. Клер Фој освои бројни комплименти за нејзиниот перформанс како легендарната кралица, како и Мет Смит, кој ја толкува улогата на Филип, војводата од Единбург. Главно, актерската двојка доби пофалби за нивната ненаметлива хемија, која на овие историски ликови им дава посебна нота на човечност, па дури и симпатија, карактеристики по кои Елизабета и Филип не се познати.
Russian Doll

Познато е дека жените ретко добиваат улоги во кои тие може да бидат мрзливи, безобразни, па дури и одвратни, оти истите најчесто се пишувани за мажи. За среќа, Наташа Лион во серијата Russian Doll покажа дека овие правила може и да се прекршат. Ова е една почудните серијали на Нетфликс, но не би сакале да ви го расипеме главниот заплет. Но да речеме дека е многу интересен сплет од класична и модерна комедија.
Love, Death and Robots

Може да речеме дека еден од предусловите за Нетфликс шоу е мрачен хумор и доза насилство, па ако е тоа ваш стил, тогаш Love, Death and Robots е токму за вас. Серијалот има посебна естетика, па визуелно нема да ви биде здодевно во ниеден момент.
Stranger Things

Делумно Стивен Спилберг, делумно Стивен Кинг, Stranger Things е мешавина од научна фантастика и хорор во стилот на 80-тите кој вреди да се гледа. По исчезнувањето на Вил Баерс (Ноа Шнап), неговите другари, семејство и еден загрижен шериф се обидуваат да го пронајдат. Мистеријата станува почудна кога се појавува девојчето Илевен (Мили Боби Браун). Втората сезона е уште помистериозна, со нови ликови и откачени специјални ефекти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

