Свет
Плановите на Иран да го зголеми производството на ураниум се политичка порака
 
																								
												
												
											Плановите на Техеран за зголемување на производството на ураниум, всушност, се политичка порака, напиша во вторникот на „Твитер“ постојаниот претставник на Русија во меѓународните организации со седиште во Виена, Михаил Уљанов, пренесува ТАСС.
„Како да се оцени одлуката на Иран да го забрза производството на нискозбогатен ураниум? Јасно е дека во оваа фаза ова е политичка порака оти Иран очекува поенергични напори за враќање на рамнотежата меѓу економските и нуклеарните делови на Заедничкиот сеопфатен план на акција поткопан од санкциите од САД“, пишува во твитот на Уљанов.
На 17 јуни портпаролот на Иранската организација за атомска енергија, Бехруз Камалванди, рече дека по 27 јуни, резервите на земјата од збогатен ураниум би можеле да го надминат лимитот од 300 килограми поставени во ЈПЦОА. Истовремено, според него, Иран ќе престане да извезува тешка вода и може исто така го надмине нивото на збогатување на ураниумот од 3,67 отсто според договорот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Свет
Иран ја смета одлуката на САД за продолжување на тестирањето на нуклеарно оружје за неодговорна
 
														Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, ги опиша плановите на Соединетите Американски Држави за продолжување на тестирањето на нуклеарно оружје како регресивни и неодговорни, објави агенцијата Франс Прес.
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека издал наредба до Пентагон веднаш да продолжи со тестирањето на такво оружје.
„Насилник со нуклеарно оружје ги обновува тестирањата на атомско оружје. Истиот насилник ја демонизира мирноприродната нуклеарна програма на Иран“, рече иранскиот министер за надворешни работи во објава на социјалните мрежи како одговор.
Абас Арагчи, исто така, ја опиша одлуката како сериозна закана за меѓународниот мир и безбедност.
Свет
Европската Комисија: Новите тестови на оружје на Русија не се чекори во вистинската насока
 
														Тестирањето на ракетата „Буревестник“ и торпедото „Посејдон“ од страна на Русија не е чекор во вистинската насока, изјави портпаролката на Комисијата, Анита Хипер.
„Ако тие навистина се нуклеарни, тие би можеле да шират радиоактивни супстанции“, додаде таа.
„Ова уште еднаш покажува дека наместо да избере мир, Русија продолжува со ескалацијата со својата реторика и дејствија“, додаде Хипер.
На прашањето дали овие обиди се закана за Европа, таа одговори дека Русија воопшто е закана за европската безбедност.
На прашањето за најавената намера на американскиот претседател Доналд Трамп да продолжи со нуклеарните тестирања, што не е направено од 1990-тите, таа рече дека досега не е откриен таков обид од страна на САД и дека двете земји не треба да се изедначуваат.
Свет
„Фајненшл тајмс“: По напнат телефонски разговор бил одложен состанокот помеѓу Трамп и Путин
 
														САД го откажаа планираниот самит меѓу претседателот Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин поради цврстиот став на Москва за условите околу Украина, објави „Фајненшел тајмс“.
Одлуката уследила по напнат телефонски разговор меѓу американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, по кој Рубио го информирал Трамп дека Русија не покажува подготвеност за преговори.
Самитот требаше да се одржи во Будимпешта, но Москва инсистирала на барања кои вклучуваат територијални отстапки од Украина, намалување на украинската војска и гаранции дека земјата никогаш нема да се приклучи на НАТО.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека Киев е подготвен за мировни разговори, но нема да ги повлече трупите од дополнително ослободените територии, како што бара Москва


 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											