Свет
Повеќе од половина милион заразени со коронавирус во Русија
Русија пријави 8.779 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број заразени од почетокот на епидемијата во таа земја достигна повеќе од половина милион.
Вкупниот број случаи на Ковид-19 во Русија во моментот е 502.436.
Официјалните лица велат дека 174 лица починале во последните 24 часа, па сега има вкупно 6.532 смртни случаи.
Русија е трета земја во светот според бројот на заразени по САД и Бразил, но има релативно мал број смртни случаи во споредба со бројот на заразени и во однос на другите земји.
Руската официјална статистика во бројот на смртни случаи од коронавирус ги вклучува само оние што починале од Ковид-19.
Во многу земји, особено во Западна Европа, статистиката ги вклучува речиси сите пациенти што биле позитивни на коронавирусот во моментот на смртта.
Овој метод на пресметка може делумно да ја објасни ниската стапка на смртност регистрирана во Русија.
Руските власти го припишуваат нискиот број на жртви, пред сè, на преземените мерки, како што се затворање на границите, реорганизирање на болничкиот систем и масовно тестирање.
Досега, велат тие, извршени се 13,5 милиони тестирања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Земјотрес од 4,9 степени во Мексико
Мексико денес беше погодено од земјотрес со јачина од 4,9 степени по Рихтер, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Според извештаите, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри и на 45 километри од Акапулко. Досега нема извештаи за повредени или материјална штета.
JUST IN: 4.9 magnitude earthquake struck Guerrero, Mexico, tremors felt across multiple cities pic.twitter.com/zTJzvWx0LC
— Rapid Report (@RapidReport2025) January 16, 2026
Според исказите на очевидци објавени на веб-страницата на ЕМСЦ потресот бил почувствуван силно, креветите се нишале, а луѓето се буделе, бидејќи земјотресот се случил кратко пред 1 часот наутро по локално време.
Свет
Автобус удри во зграда во центарот на Сеул
Патнички автобус удри во зграда во главниот град на Јужна Кореја, Сеул, објави Ројтерс, повикувајќи се на локални извори.
Според јужнокорејската новинска агенција Јонхап, во инцидентот се повредени 11 лица, а двајца од повредените се во тешка состојба и се префрлени во болница.
Телевизиските снимки од местото на настанот покажаа голем автобус, а предниот дел заглавен во стаклената фасада на зграда. Се чини дека возилото поминало низ широк дел од пешачката зона пред да удри во зградата.
Полицијата соопшти дека во овој момент нема индикации дека возачот бил под дејство на алкохол, но дека планираат да спроведат тест за дрога додека трае истрагата за причината за несреќата.
Фото: ЕПА
Свет
Прекинот на интернетот во Иран трае веќе втора недела
Прекинот на интернетот во Иран влезе во втората недела, а според организацијата „Нет блокс“, режимот го блокирал пристапот до мрежата повеќе од 180 часа.
Иако можноста за повици во странство беше обновена претходно оваа недела, интернет услугите сè уште се недостапни.
Ваквата ситуација го отежнува, иако не и целосно невозможно, добивањето информации, слики и видеа од земјата во реално време. Во исто време, им помага на властите во Техеран во обидот да го контролираат наративот за протестите и немирите.
Фото: depositphotos

