Свет
Повеќе од 70 Американци се предозираа со синтетичка марихуана

Најмалку 71 лице се предозираа во еден парк во Њу Хевн, Конектикат, во САД, по консумирањето некој вид синтетичка марихуана, позната како K2.
Иако за сега никој не почина, некои од предозираните лица се во критична состојба. Уапсен е еден дилер, објави весникот „Ен-би-си њуз“.
The total # of overdoses stands at 76. At 10p, it was at 71. So those five overdoses took place outside of the Green, according to police. First responders are still at the Green in case more overdoses happen. pic.twitter.com/1VgVOStcbE
— Carmen Chau (@CChauFOX61) August 16, 2018
Првото предозирање беше пријавено во близина на познатиот Универзитет „Јејл“ во вторникот вечерта. Уште три случаи биле пријавени во паркот „Њу хевн грин“ таа ноќ.
Следното утро 18 луѓе колабираа во овој парк во опсег од само три и пол часа. Некои се онесвестија, други халуцинираа, повраќаа и покажуваа други симптоми на предозираност, како што се тешкотии при дишењето и аритмија, а сето тоа пред очите на преплашените минувачи и посетители на паркот.
Како што јавува „Фокс њуз“, бројот на предозирани лица до крајот на денот се искачил на 76.
Трендот на предозирање со опијати, кои во многу случаи се синтетички производи или легални лекови за болка што се злоупотребуваат, станува сè поалармантен.
Во 2017 година од предозираност починаа 72.000 Американци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Заради исклучен доток на гориво во моторите се урнал авионот на „Ер Индија“

Прелиминарниот извештај за несреќата на авионот на компанијата „Ер Индија“, во која минатиот месец загинаа 260 лица, покажа дека три секунди по полетувањето, прекинувачите за гориво на моторите се префрлиле од позиција „вклучено“ во позиција „исклучено“, лишувајќи ги моторите од гориво.
Авионот „Боинг 787- Дримлајнер“ веднаш почнал да губи висина, покажува извештајот објавен од индиските истражители на воздухопловни несреќи.
На снимката од пилотската кабина, може да се слушне како еден од пилотите го прашува другиот зошто го исклучил горивото. Вториот пилот одговорил дека не го сторил тоа, се наведува во извештајот. Не е наведено кој го упатил повикот за помош непосредно пред несреќата, пилотот или копилотот.
И двајцата пилоти биле искусни, со вкупно околу 19.000 часа лет, вклучувајќи повеќе од 9.000 часа во „Боинг 787“.
Префрлањето на прекинувачот во позиција „исклучено“ ги запира моторите речиси веднаш.
Свет
Зеленски: Продолжуваат испораките на оружје од САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека добил ветување дека Украина ќе добие нови испораки на оружје од САД и европските сојузници, јави ДПА.
-Според сите извештаи, суспендираните испораки на оружје се обновени, рече Зеленски.
ДПА пренесува дека разговорите за продолжување на воената поддршка се планирани за следната недела, меѓу другите, и со американскиот специјален пратеник за Украина, Кит Келог.
-Исто така, подготвуваме нови европски пакети за оружје, рече Зеленски, потенцирајќи дека, исто така, очекува „силни чекори во врска со новите санкции против Русија“.
САД минатата недела накратко воведоа делумно запирање на испораките на оружје што веќе беа ветени.
Регион
Вучиќ: Полицајците не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека полицијата реагира како последно средство на блокадите во државата, во согласност со законот и со минимална употреба на сила.
„Тие полицајци…не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот и да ги напаѓаат со стапови“, изјави Вучиќ.
Вучиќ истакна во интервју за белградски медиуми, дека студентите во блокада на 15 март не дале „зелено светло“ затоа што некои во државата требало да ја завршат својата работа, а на 28 јуни го направиле тоа „преценувајќи се себеси и потценувајќи ги другите“.
Тие луѓе мислат дека е нормално да му се одземе на некого уставно загарантираното право на движење, тие не се заинтересирани за ништо, тие го прогласиле за легално и не им е гајле, рече Вучиќ.
„Загрижен сум за државата, но што се однесува до партиските, посебни интереси – одлично, можеби до Нова Година, можеби ќе ги изненадам, а потоа ќе распишам избори“, додаде Вучиќ.