Свет
Повторно пукање во Брисел, најмалку еден повреден
Уште едно пукање имаше синоќа во бриселската општина Андерлехт, во близина на метро-станицата Клеменсо. Најмалку едно лице е повредено.
Инцидентот се случил околу 3.30 часот, а сторителот употребил огнено оружје, потврдија бриселскиот обвинител Жулиен Моинил и градоначалникот на Андерлехт, Фабрис Кампс, во интервју за радио РТБФ.
„Едно лице е рането со куршум во ногата и пренесено во болница“, соопшти бриселското Овинителство. Веднаш по пукањето, на местото на настанот пристигнале истражители, федералната полиција и балистички експерт за да спроведат истрага.
Ова е втор инцидент за два дена во Андерлехт. За разлика од пукањето во средата, овој пат сообраќајот на метрото не беше прекинат иако еден влез во станицата беше затворен, соопшти бриселскиот јавен транспортен оператор СТИБ.
„Во последните 24 часа имаше три престрелки: две во Андерлехт и едно во Сен Жосе-тен-Нуд. Не знаеме со кого си имаме работа, но имаме двајца осомничени по кои моментно се трага“, рече Моинил. Тој додаде дека престрелките се поврзани со територијален конфликт меѓу неколку наркобанди.
„Уште колку смртни случаи ќе ни бидат потребни за да имаме одговор сразмерен на сериозноста на ситуацијата? Трговијата со дрога стана толку широко распространета, а парите вклучени во неа толку големи, што се водат војни“, рече тој.
Пред последното пукање Моинил веќе ги повикал шефовите на шесте бриселски полициски зони и правосудната полиција да побараат анализа и да утврдат кои се овие банди. Иако има одредени идентификации, „сѐ уште има многу неизвесности“, рече тој.
Во средата пукањето беше кај метро-станицата Клемансо во 6.15 часот. Снимката од надзорните камери, која сега кружи на интернет, покажува двајца напаѓачи вооружени со автоматски пушки од типот „калашников“ како отворено пукаат надвор од станицата пред да побегнат во метрото. Следуваше полициска потера во тунелите на бриселското метро, но осомничените сѐ уште не се уапсени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп за апсењето на Ендрју: „Мислам дека тоа е срамота, многу е тажно“
Американскиот претседател Доналд Трамп го коментираше апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор, оценувајќи дека станува збор за срамота за британското кралско семејство.
„Мислам дека тоа е срамота. Многу е тажно. Тоа е толку лошо за кралското семејство. Навистина ми е многу, многу тажно“, изјави Трамп.
Тој изрази жалење и за последиците што случајот може да ги има врз кралот Чарлс III, за кого рече дека е фантастичен човек и дека наскоро треба да ги посети САД.
На прашање дали слични апсења може да се случат и во САД, Трамп избегна директен одговор и повтори дека е целосно ослободен од каква било вина поврзана со случајот на Џефри Епстин.
„Јас сум на некој начин експерт за тоа бидејќи сум целосно ослободен од обвиненијата“, рече Трамп, додавајќи дека аферата била искористена за да му се нанесе политичка штета.
Свет
Поранешниот принц, Ендрју, пуштен од полициски притвор, но и натаму под истрага
Ендрју Маунтбатен-Виндзор е ослободен од полициски притвор по неговото апсење под сомнение за злоупотреба на јавната функција.
Поранешниот принц беше приведен од полицајците за време на рација во 8 часот наутро во неговиот нов дом во Вуд Фарм, на имотот Сандрингем, објави „Дејли Меил“.
Полицијата појасни дека истрагата против Ендрју е во тек, иако тој е ослободен.
Поранешниот војвода од Јорк беше уапсен во врска со наводите дека му пренел чувствителни информации на осудениот финансиер и педофил, Џефри Епстин додека дејствувал како трговски претставник на британската влада.
Братот на Ендрју, кралот Чарлс III, не бил однапред предупреден за апсењето, се дозна денес. Тој изјави дека „законот мора да се почитува“ и повика на „фер судење“.
Свет
(Видео) Трамп за претседателот на Парагвај: Млад и згоден, но јас сакам жени
Денеска беше одржан првиот состанок на Одборот за мир на Доналд Трамп, на кој говореше и американскиот претседател. Покрај заканите упатени до Иран и планот за Газа, тој го коментираше и физичкиот изглед на 47-годишниот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења.
„Млад, згоден човек. Секогаш е убаво да се биде млад и згоден. Тоа не значи дека мора да го сакаме. Не сакам млади, згодни мажи. Сакам жени. Мажите воопшто не ме интересираат“, рече Трамп.
Trump: Young, handsome guy. Always nice to be young and handsome. Doesn’t mean we have to like you. I don’t like young, handsome men. Women I like. Men I don’t have any interest. pic.twitter.com/E7P1qhExyp
— Acyn (@Acyn) February 19, 2026
За време на основачкиот состанок во Вашингтон, Трамп испрати и порака до Иран дека мора да постигне „суштински договор“ за запирање на својата нуклеарна програма или, како што рече, „ќе се случат лоши работи“.
Тој додаде дека други земји веќе придонеле со повеќе од седум милијарди долари за помош за Газа во рамки на иницијативата на Одборот за мир.

