Свет
Пожар на танкер кај Шри Ланка, во океанот може да се излеат 270 илјади тони нафта

Околу 270.000 тони нафта би можеле да се излеат во океанот откако кај југоисточниот брег на Шри Ланка, избувна пожар на танкер за нафта регистриран во Панама, изјави за агенцијата ДПА воен претставник од Шри Ланка.
Пожарот бил предизвикан од експлозија во делот каде што е сместен моторот на бродот, во четвртокот наутро по локално време, а попладне сè уште не бил ставен под контрола, изјави портпаролот на морнарицата.
„МВ Дајамонд“ пловел на релација од Кувајт до Индија кога се случила експлозијата и избувнал пожарот, додаде портпаролот.
На бродот имало 23 члена на екипажот, од кои 22 се спасени, а има најмалку двајца повредени.
Се претпоставува дека исчезнатиот член на екипажот починал во просторијата каде што избувнал пожарот, изјави портпаролот.
Шри Ланка испрати три поморски бродови и хеликоптер за помош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Карл Билд: Се чини дека договорот има за цел да го усреќи Трамп

Поранешниот шведски премиер и копретседавач на Европскиот совет за надворешни односи, Карл Билт, рече дека договорот за минерали меѓу Украина и САД изгледа како „споредна приказна со ограничена важност“.
Билт изјави за Би-би-си дека договорот „изгледа како нешто што треба да го усреќи Трамп“, но дека „нема да донесе значителни финансиски ресурси во САД или да има материјално економско влијание со години“.
Како пример го наведе отворањето на нови рудници, за што се потребни големи инвестиции и се добива приход дури по неколку години. „Овој договор е повеќе прилагоден на психологијата на американскиот претседател отколку на реалните околности во Украина“, заклучи Билт.
Свет
(Видео) Човек на Трамп одби да каже дека Русија ја нападна Украина: „Не сум информиран за тоа“

Стивен Фајнберг, милијардерот и финансиски експерт, номиниран од претседателот Трамп за заменик цивилен шеф на Пентагон, вчера на сослушување во Сенатот одби да каже дали верува дека Русија ја нападнала Украина, предизвикувајќи критики од демократите. Но, како што пренесува Inside Defense, Фајнберг доставил писмена изјава до пратениците во која ги опишува акциите на Русија во февруари 2022 година како „уште една инвазија“.
По изјавата на претседателот Трамп, кој непрецизно го прикажува Киев како агресор во екот на преговорите со Русија, Фајнберг беше притиснат од демократите на сослушувањето пред Комитетот за вооружени сили на Сенатот. Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет и советникот за национална безбедност Мајк Волц неодамна одбија да ги опишат акциите на Русија како инвазија.
Did Russia invade Ukraine?
It’s a pretty simple question I had for the Deputy Secretary of Defense nominee. It’s an obvious “yes” to everyone except this administration. pic.twitter.com/x3OCELosbj
— Senator Mark Kelly (@SenMarkKelly) February 25, 2025
Сенаторот Марк Кели му рече на Фајнберг дека прашањето „е едноставно“.
„Русија всушност го нападна нашиот сојузник Украина“, рече Кели. „Тие преместуваа тенкови, војници и оклопни возила преку украинската граница. Прилично едноставно е прашањето“.
Свет
Силен земјотрес со јачина од 6 степени во Индонезија

Земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтер денеска ја погоди северна Индонезија, соопшти Индонезиската метеоролошка агенција.
Не е издадено предупредување за цунами, а властите не пријавиле повредени или материјална штета.
Земјотресот се случи во 06:55 часот по локално време во близина на брегот на островот Сулавеси.
Американскиот геофизички институт соопшти дека земјотресот бил со јачина од 6,1 степени.
Индонезија се наоѓа на Пацифичкиот огнен прстен, област со голема сеизмичка и вулканска активност.